Македонија
Општината Карпош: Воспитно-образовниот процес во општината се одвива без пречки
Воспитно-образовниот процес во Карпош се одвива без пречки. Учениците, наставниците и родителите се придржуваат до предвидените протоколи за заштита од Ковид-19. Исто така, училиштата обезбедуваат квалитетна и инклузивна настава за сите ученици, известуваат од Општина Карпош.
Денеска, на увид во наставниот процес во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае 2 беа градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, и министерката за образование и наука, Мила Царовска.
Тие направија обиколка и на сензорната соба за ученици со попреченост, екоучилницата за настава на отворено и на кабинетот по хемија, кој е опремен со нови помошни средства. Увид направија и на наставниот процес во прво и четврто одделение.
„Инклузивниот пристап го гледаме преку сензорните соби за полесна настава на учениците со попреченост, кои во изминатите години ги отворивме речиси во секое училиште. Во време на пандемија не престанавме да ги унапредуваме условите. Па, така, во сите образовни установи направивме и екоучилници за настава на отворено. Тие се одраз на соработката меѓу општината, учениците, наставниот кадар и родителите, каде што децата ги реупотребија материјалите и создадоа корисен простор за своите потреби“, рече Богоев.
Градоначалникот се осврна и на стипендиите за талентирани ученици и ученици спортисти, кои Општината ги има предвидено во буџетот, но јавниот повик ќе биде објавен по завршување на изборниот процес.
Министерката Царовска напомена дека родителите/старателите не треба да се сомневаат дека со промените во наставата ќе се постигне подобар ефект во знаењето на учениците. Промените се во согласност со препораките на УНИЦЕФ, ОЕЦД и Светската банка, а во консултација со сите фактори вклучени во образовниот процес.
Директорката на училиштето „Димо Хаџи Димов“, Весна Кочовска, изрази благодарност до сите ученици, наставници и административно-технички кадар, кои се придржуваат до протоколите и ги следат насоките за безбедна учебна година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Дали ќе трае пет месеци или пет години никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”
Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кој однесе 63 животи, рече дека никој не може да претпостави колку време ќе трае постапката. Таа ги повика сите учесници на дисциплина за да може да се дојде до вистината и правдата.


„Не можам да ви гарантирам брзина, но повикувам на дисциплина и редовност за да дојдеме до вистината и до правдата. Колку ќе трае судењето, дали ќе бидат пет месеци или пет години никој не може да знае“, рече судијката Груевска-Илиевска.
Најави транспарентност за време на судењето, а оштетените ги замоли на судењата да се договорат да испраќаат по еден член кој подоцна ќе им ги пренесува информациите оти и најголемата судница во земјава се покажа тесна.


Судијката повика на дисциплина на судењата и нагласи дека секој што нема да ги почитува „правилата на игра“ ќе биде опоменат, а втора опомена ќе значи исфрлање од судница или парична казна.
За заштита од непотребни одлагања, судијката рече дека судот дополнително ќе ги проверува сите лекарски белешки.
Судењето почна утрово, но повеќе од еден час трае евиденција на присутните.
Ова е најголемо судење во земјава со обвинети 35 физички и три правни лица, 15 обвинители, а многумина од обвинетите имаат и по двајца адвокати.
Македонија
Прекин на патот Македонски Брод – Скопје поради одрон
Поради одрон патот Македонски Брод – Скопје е во прекин.
„Во 08:40 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, поточно кај резерватот Јасен сообраќајот е во прекин поради одрон на патот“, информира АМСМ.
Македонија
ЦУК: Добиени се повеќе пријави за свлечишта и одрони на патот
Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, известија од Центарот за управување со кризи.
Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, додаваат од ЦУК.

