Црна хроника
Разгневен поштар натепал пет лица кај Виница
Еден разулавен поштар без посериозна причина физички со тупаници и клоци се нафрлил врз група луѓе во виничкото село Истибања, при што повредил пет лица
Притоа подивениот поштар не гледал дали удира мажи или жени, а не му била ниту важна возраста, поради што најдебелиот крај го извлекла една жена на возраст од близу 60 години, која се здобила со пукнатина на носот.Жената била згрижена во Медицинскиот центар Кочани, каде што по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.Овој несекојдневен инцидент се случил вчера наутро околу 10 часот во дворот на месната заедница Истибања.Како што соопшти денеска МВР, Б.П.(1972) од с.Истибања, вработен како поштар во Македонски пошти, физички ги нападнал лицата: П.Т.(1971) од Штип, К.П.(1956) од с.Истибања, С.П.(1951) од с.Истибања, В.П.(1955) од Скопје и Г.С.(1971) од Виница, удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на телата и главите.Во истрагата било констатирано дека јавниот ред и мир од страна на Б.П. бил нарушен заради влошување на неговата здравствена состојба, поради што е упатен на лекување во Неуропсихијатриска болница во Негорци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.