Спорт
Интер како „воз“ преку Болоња!
Интер ја прегази Болоња со 6:1 за да покаже дека шампионските амбиции се присутни и покрај заминувањата во текот на летото, за да го преземат првото место на табелата во Серија А.
Лаутаро Мартинез уште во шестата минута доби одлична топка од Дензел Дамфрис за рано водство, а потоа во 30. минута Милан Шкринијар зголеми на 2:0, за Николо Барела четири минути подоцна да даде гол за 3:0.
Гол-шоуто на „Сан Сиро“ продолжи и во второто полувреме – Матија Весино во 54. минута зголеми на 4:0, а потоа Един Џеко, кој влезе во првото полувреме на местото на Хоакин Кореа, да постигне два гола во 63. и 68. минута. Белгиецот Артур Тет во 86. минута постигна утешителен гол за тимот на Синиша Михајловиќ.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ЦИЕС: Белингем пред Халанд, Англичанецот има најголема вредност на фудбалскито пазар
Меѓународен центар за спортски студии (ЦИЕС), фудбалска опсерваторија со седиште во Нојшател, Швајцарија ја објави листата на 100-те највредни фудбалери во светот.
Листата ја предводи играчот од средниот ред на англиската репрезентација и Реал Мадрид, Според ЦИЕС, вредноста на Џуд Белингем на фудбалскиот пазар изнесува 280 милиони евра.
На второ место е напаѓачот на Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд чија пазарна вредност е 255 милиони евра, а трет е напаѓачот на Реал Винисиус Жуниор (240 милиони евра).
Во Топ пет на листата има тројца играчи на Реал и двајца на Манчестер сити. Петмина во Топ 10 настапуваат во Премиер лигата, четворица во Шпанија, еден во Бундес лигата.
Топ 10 највредни играчи според ЦИЕС:
1. Џуд Белингем (Англија / Реал Мадрид), 280 милиони евра
2. Ерлинг Халанд (Норвашка / Манчестер сити), 255
3. Винисиус Жуниор (Бразил / Реал Мадрид), 240
4. Родриго Гоес (Бразил / Реал Мадрид), 220
5. Фил Фоден (Англија / Манчестер Сити), 203
6. Букајо Сака (Англија / Арсенал), 195
7. Хулијан Алварез (Аргентина / Манчестер сити), 168
8. Ламине Јамал (Шпанија / Барселона), 140
9. Мартин Одегард (Норвашка / Арсенал), 135
10. Флоријан Вирц (Германија / Баер Леверкузен), 133
Спорт
(Видео) Клоп во солзи му кажа збогум на Ливерпул
Јирген Клоп не можеше да ги задржи солзите откако ги слушна скандирањата од навивачите на Ливерпул на настанот организиран по повод неговото заминување од клубот.
Клоп го водеше Ливерпул девет години и со него постигна забележителни резултати пред да се збогува. Тој се врати во градот на емотивно збогување.
Клоп пристигна во Ливерпул во 2015 година. За време на неговиот мандат, тој му донесе осум трофеи на клубот, вклучувајќи ја првата титула во Премиер лигата по пауза од 30 години, а во 2019 година ја освои и Лигата на шампионите. Ливерпул таа година го освои најсилното европско клупско по пауза од 15 години.
Германскиот стручњак ги освои трофеј во сите натпреварувања со Ливерпул, исклучок е Лига Европа во која го загуби финалето од Севилја.
Откако се прости од клубот, Клоп замина на одмор, а вчера накратко се врати во Ливерпул, каде беше организирана „Вечерта со Јирген Клоп“.
На емотивната средба навивачите пееја и го скандираа за неговото име. Клоп не можеше да ги контролира емоции, си замина со солзи во очите.
Jürgen Klopp can't hold back the tears as the crowd sing his name after an emotional montage of moments from his incredible nine years in charge of Liverpool FC is played @LivEchonews pic.twitter.com/KQUhwjHb4o
— Ryan Paton (@RyanPaton1994) May 28, 2024
Спорт
(Видео) Пред 33 години Панчев и Најдовски со Црвена звезда станаа европски шампиони
На денешен ден во 1991 година, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои најзначајниот трофеј во богатата историја. Во финалето на во тогашниот Куп на шампионите, Црвена звезда го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски.
Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови, а потоа „црвено-белите“ победија со 5:3 по изведувањето пенали.
Головите за Звезда од 11 метри ги постигнаа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев. Голманот Стојановиќ во првата серија го одрани ударот на капитенот на Олимпик Марсеј, Аморос.
Црвена звезда без пораз стигна до најголемиот успех во историјата и со тоа со златни букви влезе во фудбалската историја.
„Црвено-белите“ го елиминираа Грасхоперс во првото коло од тогашниот Куп на шампионите. Звезда во осминафиналето беше подобра од Глазгов Ренџерс. Ривал на „црвено-белите“ во четвртфиналето беше шампионот на Источна Германија Динамо од Дрезден, а Звезда ги доби двата натпревари. Реваншот во Дрезден со службен резултат, откако беше прекинат при водство на црвено-белите.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите црвено-белите го совладаа славниот Баерн со 2:1 на гостински терен, а во реваншот во Белград беше 2:2.