Спорт
Душан Тадиќ влезе во историјата на холандскиот фудбал

Во 2018 година ја напушти Премиерлигата и се пресели во Ајакс. Многумина мислеа дека тоа е чекор назад во кариерата на фудбалскиот репрезентативец на Србија, Душан Тадиќ, но 3 години подоцна тој влезе во историјата на холандскиот фудбал.
Тадиќ синоќа постигна еден гол во победата на Ајакс против Камбур со 9-0, но имаше и две асистенции со што стана првиот играч во Ередивизија кој стигнал до трицифрена бројка на успешни додавања кои претходеле на погодок.
101 – Dusan Tadic has provided his 100th en 101st assist in the Eredivisie and has become the first player to reach this milestone in the competition this century. Centurion. #AJACAM pic.twitter.com/uXzKBm1ZYc
— OptaJohan (@OptaJohan) September 18, 2021
Зад него на таа листа е актуелниот играч на Челси, Хаким Зијеш кој му беше соиграч во клубот од Амстердам со 87 асистенции, па следуваат Дирк Кајт (78), Ласе Шене (67)…
Ајакс моментно е прв на табелата со 13 бодови, бод повеќе од второпласираниот ПСВ Ајндховен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса веќе знае на кого ќе потроши 35 милиони евра следното лето

Преодниот рок наредната година ќе биде многу важен за Барселона, која мора да реши голем број клучни проблеми во тимот.
Веќе сега е јасно дека наредното лето, Барселона ќе мора да донесе централен дефанзивец и напаѓач. Исто така клубот треба да донесе донесе и одлука околу статусот на Маркус Рашфорд, кој моментално е на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Рашфорд пристигна во Каталонија на едногодишен договор за позајмица со опција за откуп, за кој се верува дека е околу 34,5 милиони евра.
На почетокот на сезоната, во првите два месеци, Рашфорд покаѓа дека би бил добра инвестиција, доколку Барселона реши да го откупи неговиот договор.
Рашфорд одигра 10 натпревари со три гола и пет асистенции. Неговите настапи ги импресионираат челниците на Барселона, кои веќе се подготвени да донесат одлука за негови траен ангажман, пишуваат англиските медиуми.
Спорт
Тајсон Картер страда од белодробна тромбоемболија

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ги потврди лошите вести поврзани со плејмејкерот Тајсон Картер.
Американецот вчера бил хоспитализиран во Белград, а клубот потврди дека тој страда од белодробна тромбоемболија, што значи дека ќе има подолга пауза и закрепнување надвор од теренот.
Како што објави неговиот тим, по натпреварот со Фенербахче, Картер се пожалил на болки во градите и стомакот, како и на отежнато дишење.
Брзата реакција на медицинскиот персонал и стручниот штаб била клучна, а играчот веднаш беше префрлен во Клиничкиот центар, каде што му била дијагностицирана белодробна тромбоемболија.
Клубот му се заблагодари на Клиничкиот центар за брзата и професионална интервенција. Во моментов нема прецизна прогноза кога Картер би можел да се врати на теренот, бидејќи го очекува период на лекување и целосно закрепнување.
Белодробна емболија се јавува кога згрутчување на крвта (тромб), обично од длабоките вени на нозете (т.н. длабока венска тромбоза), се откинува и стигнува до белите дробови преку крвотокот. Потоа згрутчувањето блокира дел од пулмоналната артерија, така што тој дел од белите дробови повеќе не може да добие доволно крв и кислород.
Булмоналната емболија е сериозна состојба која бара строг одмор и терапија, а здравствената состојба на американскиот плејмејкер редовно ќе се следи.
Црвена зведа, во Евролигата, во вторник е четврток ќе ги пречека Жалгирис и Реал Мадрид.
Спорт
Почина Илија Темелковски

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишна возраст почина Илија Темелковски.
Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга.
Како селекторт на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година.
Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го освои 11-то место, но она што е позначајно, тука започна континуитет на учествоото на големите натпреварувања кој трае до денес.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел.
Фото: РФМ/Фејсбук