Спорт
АБА лигата дури осма по квалитет во Европа

Објавена е ранг листа на најдобрите кошаркарски лиги на Стариот континент. Познатиот кошаркарски портал „Jurohups” ја објави листата на 10-те најквалитетни кошаркарски лиги во Европа.
Интересно, регионалната АБА лига е дури на осмата позиција, додека прва е шпанската АЦБ лига.
Since it's a yearly tradition, Eurohoops ranks once more the #Top10 European domestic leagues.
SPOILER ALERT: Nothing has really changedhttps://t.co/PGPqHWu4Yy
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) September 18, 2021
Еве го поредокот на првата 10-ка:
1. АЦБ лига (Шпанија)
2. ВТБ лига (Русија)
3. БСЛ лига (Турција)
4. Серија А (Италија)
5. Про А (Франција)
6. ББЛ лига (Германија)
7. ХЕБА баскет лига (Грција)
8. АБА лига
9. Винерс лига (Израел)
10. ЛКЛ лига (Литванија)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) „Граѓаните“ се прошетаа низ Вулверхемптон

Фудбалерите на Манчестер сити убедливо славеа на гостински терен кај Вулверхемптон (4:0), на почетокот од сезоната во Премиер лигата.
Ерлинг Халанд ја започна сезоната со два гола, а со по гол на официјален натпревар дебитираа Тижани Рејдерс и Рајан Шерки.
Сити ќе го пречека Тотенхем следната недела, додека Вулверхемптон ќе биде домаќин на Борнмут.
Премиер лига, 1. коло:
Сабота
Брајтон – Фулам 1:1 (0:0)
(О’Рајли 55п – Мунис 90+7)
Сандерленд – Вест Хем 3:0 (0:0)
(Маџенда 61, Балард 73, Исидор 90+2)
Тотенхем – Барнли 3:0 (1:0)
(Ришарлисон 10, 60, Џонсон 66)
Вулверхемптон – Манчестер Сити 0:4 (0:2)
(Халанд 34, 61, Рејндерс 37, Шерки 81)
Астон Вила – Њукасл 0:0
Недела
15.00 Челзи – Кристал Палас
15.00 Нотингем Форест – Брентфорд
17.30 Манчестер Јунајтед – Арсенал
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.
Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин