Свет
(Видео) Најмалку осум починати и десет повредени во пукотниците на рускиот универзитет, напаѓачот бил студент
Околу осум лица загинаа додека повеќе од десет се повредени во драмата на рускиот универзитет каде што непознато лице отвори оган кон студентите и вработените, пренесуваат руските медиуми.
Полицијата откри дека напаѓачот бил студент, објави Рускиот истражен комитет.
Според медиумите, органите на прогонот го утврдиле идентитетот на напаѓачот кој бил уапсен, а во моментов се проверува дали има соучесници. Целосниот идентитет не е откриен.
Министерството за внатрешни работи изјави дека девет амбулантни возила биле на лице место.
Други медиуми јавуваат дека напаѓачот е убиен.
Студентите кои останаа заробени во кампусот прво го снимија напаѓачот со пушка како се приближува до зградата, а подоцна на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како преплашени студенти скокаат од прозорците.
Mass shooting in Russia University Perm pic.twitter.com/5puJ3KVD87
— FinTwit (@wallsteetbets) September 20, 2021
Извор од полицијата потврдил дека во инцидентот се повредени неколку лица.
❗️Неизвестный открыл стрельбу в Пермском государственном национальном исследовательском университете. Руководство вуза призвало студентов закрыться в кабинетах, а если у них есть возможность — покинуть территорию кампуса.
Видео: РЕН ТВ pic.twitter.com/UNbcUNaFWt— Znak.com (@znak_com) September 20, 2021
Сите студенти кои во моментов се на кампусот се предупредени да го напуштат веднаш или да бидат затворени во соби. Исто така, на оние што беа на пат кон Универзитетот им беше наложено да се вратат.
Според првите наводи, напаѓачот наводно е 18-годишниот Тимур Бекмансуров, кој се забарикадирал во една од училниците по пукањето, пред конечно да биде уапсен.
Наводно, тој напишал на социјалната мрежа „Вконтакте“ дека сонувал за планираното пукање долго време и дека собирал пари за оружје уште од 10 -то одделение.
Тој, според пишувањата на агенциите, објаснил дека добил дозвола за оружје по успешното решавање на психолошки тест и дека го избрал универзитетот како своја цел, бидејќи направиле сериозна грешка пред четири години.
Полицијата објави дека напаѓачот е „неутрализиран“, а подоцна се појавија наводи дека починал откако бил ранет.
Некои извори го опишуваат напаѓачот како терорист и наведуваат дека во 2020 година бил обучуван од Ал каеда во Пакистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

