Црна хроника
Пронајдените коски се од исчезнатата Ангела

Според ДНК анализата што ја направи Институтот за судска медицина, остатоците од човчко тело што беа пронајдени во село Пештани, Мариовско, и’ припаѓаат на исчезната Ангела Ѓорѓиоска од с. Дуње
Остатоците од телото, што беа пронајдени деновиве кај месноста Самовилец и припаѓаат на малата Ангела Ѓорѓиоска од мариовското село Дуње, која изчезна на 23 јули минатата година.
Ова беше објавено во понеделникот во Скопје во просториите на Судска медицина, каде што заврши неколкудневната ДНК анализа.
Резултатот од ДНК анализата е 99,99 отсто точен, беше речено на денешната прес конференција.
Остатоците од телото беа пронајдени пред две недели кај селото Пештани, по што веднаш беа земени примероци од родителите за споредба на ДНК профилот.
Родителите на малата Ангела деновиве изјавија дека не веруваат оти нивната ќерка е мртва. Тие обвинија дека нивната ќерка била киднапирана, за што, според нив, биле вмешани и луѓе од полицијата.
Види и: Починатото тело на Ангела било растргнато од животни
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Дете се отруло од алкохол во Тетово, во неконтактибилна состојба однесено во болница

Малолетник се отрул од алкохол во Тетово и во неконтактибилна состојба е однесено во болница. Поради инцидентот, поднесени се кривични пријави против продавачката и управителот на продавницата од која детето го купило алкохолот.
Според информации на МВР, поднесени се кривични пријави против правно лице, против Т.Б.(44) од Струга, управител на правното лице и против В.Н.(54), вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.
Пријавените, без да побараат документи за идентификација, му овозможиле на малолетно лице од Тетово во продажниот објект да купи алкохолни пијалоци, а подоцна, по консумирањето, кај него настанало труење и во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга.