Спорт
Бензема зад себе ги остави Роналдо и Меси

Карим Бензема ја победи Мајорка, во шестото коло во Ла Лига. Францускиот напаѓач постигна два и намести два гола во победата 6:1. Во првите шест кола Бензема постигнал осум и наместил седум гола, значи директно учествувал во 15 голови на „кралскиот клуб“.
Карим Бензема со синоќешниот перформанс стана фудбалер со најдобар старт во сезоната, во овој век.
Зад него останаа најдобрите стрелци во Ла Лига, Кристијано Роналдо, кој во сезоната 2014/2015 на Реал му овозможил 14 голови, и Лионел Меси, кој на почетокот на сезоната 2011/2012 на Барселона ѝ овозможил 13 голови.
Вториот гол што го постигна против Мајорка беше 200. за Бензема во Примера. Тој е десеттиот играч со 200 и повеќе постигнати голови во шпанскиот фудбал.
Бензема 12 години го носи дресот на Реал, одиграл 566 натпревари, постигнал 287 голови и забележал 151 асистенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“