Црна хроника
Запленети близу 1,5 килограм кокаин наменети за Охрид
Пресечен е меѓународен канал на транспорт на 1,465 килограм висококвалитетен кокаин кој од Санта Круз, Боливија, преку Франкфурт, Германија требало да заврши во Охрид, соопштуваат од МВР
Кокаинот, кој бил фатен вчера, е со чистота од 95 отсто и со додавање на други примеси, неговата препродажба би можела да достигне и до половина милион евра.„По вчерашната акција, МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против едно лице (Б.П.) од Охрид, едно лице од село Велешта, струшко, и две лица од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – ‘неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори’“, соопштуваат од таму.Пакетот бил испратен од одреден – Victor Hugo Salvatierra Cespedes (лице кое е наведено како испраќач во испратницата) од Санта Круз, Боливија, и како негова крајна дестинација бил наведен Охрид, а како примач на пратката бил наведен Б.П. против кого сега е поднесена кривична пријава.Примачот пристигнал во просториите на ТНТ-експрес и откако ја подигнал поштенската пратка имал намера пакетот да го предаде на неговиот татко кој бил паркиран непосредно пред ТНТ-експрес. Но набргу по ова од страна на полициски службеници на МВР двете лица биле лишени од слобода.Акцијата е спроведена од Единицата за борба против недозволена трговија со дрога при Одделот за организиран криминал и Царинската служба на Р. Македонија во соработка со полициските служби на Германија, а во координација на СЕКИ центарот од Букурешт, соопштуваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

