Свет
ЕМА ќе одлучува за трета доза на „Фајзер“ во октомври
Европската агенција за лекови (ЕМА) може уште на почетокот на октомври да донесе одлука за можна употреба на засилувачка трета доза на „Фајзер/Бионтек“, изјави извор запознаен со прашањето за „Ројтерс“.
Ова ќе биде прва одлука на регулаторот на ЕУ за дополнителни дози, наведува изворот, откако американската администрација за храна и лекови во средата ја одобри третата доза на „Фајзер“ за лица над 65 години, лица изложени на ризик од сериозни болести и оние кои се редовно изложени на вирусот.
„Модерна“, исто така, треба да достави податоци за засилувачката доза до ЕМА наскоро, се наведува во документот на ЕУ.
Според мислењето, објавено на почетокот на септември и реиздадено од ЕМА, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) наведува дека нема итна потреба од трета доза за целосно вакцинирани лица во општата популација. Но, тие забележуваат дека треба да се земат предвид дополнителни дози на вакцина за луѓе со ослабен имунолошки систем.
Многу членки на ЕУ веќе одлучија да користат засилувачки дози и покрај правните ризици, бидејќи ЕМА сè уште нема донесено официјална одлука.
ЕУ потпиша три договори со „Фајзер/Бионтек“ за вкупно 2,4 милијарди дози.
Најновиот договор опфаќа испорака на најмалку 900 милиони дози вакцина, од кои голем дел ќе бидат потребни само ако засилувачките дози се смета дека се неопходни или ако се појават нови соеви на коронавирусот против кои постојната вакцинација нема да биде ефикасна.
Повеќе од 70 проценти од возрасната популација на ЕУ е целосно вакцинирана, а блокот обезбеди доволно резерви со вакцини од неколку производители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

