Македонија
Герасимовски: Ќе водам фер и позитивна кампања со почитување на сите учесници и противкандидати

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го потпиша кодексот за фер и демократки избори. Герасимовски се обврза на фер избори со почитување на сите закони, правила и прописи, како и почитување на владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.
„Јас ќе имам фер и позитивна кампања со почитување на сите учесници и противкандидати. Да ги соочиме идеите и проектите и да имаме конструктивни дебати, само така граѓаните ќе може да го направат вистинскиот избор. На овие избори да покажеме дека политички сме созреале како општество за да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите“, изјави Герасимовски.
Спроведувањето фер и демократки избори е почитување на основните човекови права, тоа е зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата и градење доверба во изборниот процес. Отчетни избори значат зрело општество, кое ги почитува способностите на кандидатите.
Герасимовски при денешното потпишување на кодексот за фер и демократски избори исто така се обврза дека преку почитување на законот нема да ги користи државните капацитети и потенцијали и со тоа ќе спроведе еднаквост во кампањата и етичко известување за неа.
Во согласност со состојбата со коронавирусот, Герасимовски како учесник во изборниот процес ќе ги почитува и мерките за заштита на граѓаните во секоја фаза од изборниот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.