Црна хроника
Момче нападнато со нож и шипка во автобус на ЈСП

Дваесет идвегодишно момче било нападнато во вторник вечер во автобус на ЈСП, што сообраќал на линијата со број 11.
Како што соопшти полицијата, нападот се случил на булевар Партизански одреди, кога 22 годишниот Б.Џ. од Скопје бил нападнат од Б.А.(20) и З.Т.(19) двајцата од село Кондово. Прво со употреба на нож му ја оштетиле јакната и со метална шипка го удриле по глава, а потоа му го одзеле мобилниот телефон и побегнале.
Полицијата ги пронашла сторителите, кои нападнатиот ги познавал од претходно, и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.