Свет
Одложено полетувањето на пет авиони поради бавна желка
Желка на пистата на вториот најпрометен аеродром во Јапонија го одложи полетувањето на пет авиони, пренесува Би-би-си.
Желката, тешка нешто повеќе од два килограма, во петокот утрото била забележана како полека се движи по асфалтот на меѓународниот аеродром „Нарита“, во близина на Токио, што го натерало пилотот што се подготвувал да полета да контактира со контролата на летање.
Loose turtle on Tokyo international airport runway prevents flights from taking off #Tokyo #Japan #Turtle #Narita https://t.co/hTnbRb5eAs
— www.THEPIGEONEXPRESS.com (@TPE_connect) September 28, 2021
Вработените на аеродромот го отстраниле животното со мрежа и провериле дали има други животни или предмети на пистата долга 4.000 метри, што предизвикало 15-минутно доцнење на пет лета, пренесува јапонскиот весник „Маиничи Шимбун“.
Ова се авионите на јапонската авиокомпанија АНА, чиј труп е украсен со светло- и темносини слики на морски желки, декорација што дебитира во јули минатата година за да го прослави почнувањето на услугата на превозникот на Хаваи, каде што овие животни се сметаат за свети.
„Се смета дека морските желки носат среќа на Хаваите и се надеваме дека оваа желка што дојде да го испрати летот сигнализира светла иднина“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

