Црна хроника
Измамник од Скопје нудел огревни дрва по поволна цена, ги зел парите и го снемало
Полицијата поднела кривична пријава против 45-годишен скопјанец кој се сомничи за измама. Тој се претставувал како трговец со огревни дрва, истите ги нудел по поволна цена, земал пари а потоа го снемало.
Од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит-пазар поднесена е кривична пријава против Н. Д. (45) од Скопје поради основи на сомнение дека сторил кривично дело измама, предвидено и казниво според Кривичниот законик.
Имено, пријавениот на 7.3.2021 во с. Долно Лисиче, Скопско, со намера да стекне противправна имотна корист, на оштетениот В. Ц. од Скопје му се претставил како превозник трговец со огревни дрва нудејќи му огревни дрва по поволна цена ако му позајми 14.500 денари за да ја замени гумата од камионот на кој му се натоварени дрвата за продажба.
Кога ги зел парите, Н. Д. ниту донел дрва ниту се јавувал.
На тој начин го довел во заблуда оштетениот, кој му ги дал парите и еден мобилен телефон на пријавениот, со што Н. Д. стекнал противправна имотна корист од приближно 20.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

