Црна хроника
Тешка сообраќајка на патот Удово – Демир Капија -еден загинат
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14 часот на магистралниот пат Удово – Демир Капија кај местото Градец, во која загина едно лице
Според информациите од СВР Струмица, сообраќајката се случила при судир на камион управуван од дваесет и тригодишно момче од Радовиш со иницијали С.В. и автомобил управуван од седумдесет и деветгодишник од Стар Дојран.Во сообраќајката на лице место починал седумдесет и деветгодишниот С.Д. Од Стар Дојран.На местото на несреќата се уште се врши увид и патниот правец Е-75 во правец од Удово спрема Демир Капија е комплетно стопиран за сите видови на моторни возила во наредните неколку часови. Причините за несреќата се уште не се познати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Турција, криумчарел мигранти
Денеска во 04.00 часот кај село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција.
При преглед во возилото „дачија дастер’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
Вчера во 10.00 часoт во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот К.С. од селото Романовце, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.