Спорт
Бобан Николов: Реал го анализиравме три часа

Фудбалскиот свет сѐ уште е во чудо по сензацијата што ја приреди Шериф со победата во Мадрид над Реал во Лигата на шампионите. Молдавците славеа со проектилот на Себастиен Тил во 90. минута.
Дел од историскиот успех на Шериф беше и македонскиот репрезентативец Бобан Николов. Тој зачекори на тревата на „Сантијаго Бернабеу“ во финишот на натпреварот.
„Без лажна скромност, ова е најголемото изненадување во историјата на Лигата на шампионте. Имав среќа во финишот да зачекорам на тревата на ‘Сантијаго Бернабеу’. Кога бев дете, навивав за Реал, почнав да играм фудбал поради Зидан и другитее ‘галактикоси’. Плачев кога ќе загубеа натпревар. Кога ќе одиграте еден ваков натпревар, тогаш знаете дека сте успеале во фудбалот“, рекол Николов во интервју за „Моцарт спорт“.
Шериф на патот до фазата по групи ги елиминира регионалните великани Црвена звезда.
„Можам да ви раскажам како се подготвуваме за Реал. Вообичаено, екипите од Истокот немаат големи амбиции кога играат против фаворитите. Ние не влеговме во натпреварот за да изгубиме со што е можно помала разлика. Бевме посветени. Го анализиравме Реал од сите можни агли. Три дена, по еден час, имавме видеопрезентации на нивната игра. Знаевме како можеме да им се спротивставиме. Тренерот ни кажа дека мораме да покажеме респект, но дека не смееме да се исплашиме. Навистина верувавме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Поратланд има нов газда

НБА франшизата на Портланд Треил Блејзерс е продадена за над четири милијарди долари.
Според непогрешливиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, Портланд го купува Том Дандон, американски бизнисмен.
Дандон моментално е сопственик на НХЛ тимот Каролина Харикенс, кој го купи во 2018 година за 450 милиони, а ги купува Треил Блејзерс од Пол Г. Ален.
Љубителите на кошарката во Портланд не мора да се грижат, бидејќи новиот сопственик и неговите соработници планираат да ја задржат франшизата во тој град, пишуваат американските медиуми.
Треил Блејзерс ја завршија минатата сезона надвор од плејофот со резултат од 36-46, близу дното на Западната конференција. Неодамна го вратија Дамијан Лилард, кој ќе ја помине следната сезона опоравувајќи се од повреда на Ахиловата тетива.
Франшизата од Орегон има една НБА титула освоена во 1977 година, тие ја освоија конференцијата три пати, а дивизијата шест пати.
За споредба, неодамна имавме две големи продажби во НБА – Лејкерси беа продадени за 10, а Селтикси за шест милијарди долари.
Спорт
Македонија повторно загуби од Романија

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби и третиот натпревар во претквалификациите за пласман во квалификациите за Светското првенство. Вечерва, во Орадеа, Романија ја победи Македонија 79:66.
Првата четвртина го одреди текот на натпреварот, Романците ја добија со седум поени (26:19). На полувреме Романија имаше двоцифрена предностевет поени предност (45:34).
Македониај во еден дел од решавачката четвртина се доближи на разлика од три поени (69:66), Романците го одбија тој налет и ја забележаа втората победа во овие претквалификации.
Џејкоб Вајли со 19 поени беше најефикасен во нашиот табор, додека Магдевски постигна 13 поени. Кај победникот најдобар беше Стефан Грасу со 20 поени.
Со овој пораз македонските кошаркари на минимум ги сведоа шансите за пласман во квалификациите за Мундијалот во 2007 година во Катар.
На 20 август Македонија ќе ја пречека Унгарија.
Foto/ kfsm.mk
Спорт
Хојлунд е на чекор од трансфер во Милан

Милан продолжува со преговорите за Расмус Хојлунд со Манчестер јунајтед.
Преговорите со претставниците на играчот се во тек за да се разговара за проектот на клубот, а Хојлунд е отворен за доаѓање во Милан.
Деталите објавени минатата недела вклучуваат позајмица со надомест од 6 милиони евра, откупна клаузула од 45 милиони евра и покривањето на целата плата.
„Двете страни се блиску до договор“, тврди Фабрицио Романо.