Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајка во Ѓорче Петров, меѓу нив и малолетно лице
Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на ул.Волковска во Скопје, помеѓу две возила.
Според информациите од МВР, повредени се возачот на едното возило – „мерцедес“ и две сопатнички, од кои едната е малолетна.
„ Со повреди се здобиле возачот Ж.Ѓ. и малолетна сопатничка од Скопје, додека сопатничката С.Ѓ.(32) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош“ соопшти МВР.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Кумановско, пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(58) од село Тромеѓа, кумановско.
Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведени двајца криумчари, пронајдени се пет лица мигранти
На 30.11.2025 околу 20:00 часот во атар на село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани.
Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со делчевски регистарски ознаки, во кое се превезувале малолетниците, но возилото продолжило со движење. Набргу, во атар на село Речица, на стар пат за фарма на свињи, возилото запрело, а малолетниците побегнале.
Во возилото се пронајдени пет лица мигранти, од кои три од Мароко и по еден од Алжир и Судан. По преземени мерки, пронајдени и лишени од слобода се и малолетниците.
Мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

