Македонија
Арсовска на средба со жителите на Никиштане: Доста е од лажни ветувања
Решавање не актуелните проблеми, како инфраструктурните и канализационите се приоритетни за жителите на Никиштане, а токму тие заземаат значаен дел од програмата за рамномерен развој на сите скопски општини на независната кандидатка Данела Арсовска. На денешната средба на Арсовска со никиштанци се зборуваше и за динамиката на решавањето на овие проблеми.
„Никиштане е дел од Ѓорче Петров и од Скопје и така треба да биде третирано, со еднаков пристап до градските капацитети за подобрување на условите во општината и за решавање на бројните проблеми. А оваа општина има потреба од многу повеќе, овде недостигаат елементарни услови за секојдневно функционирање, како решавање на канализацијата, а освен тоа неопходни се и многу други работи, дополнување со содржини за секојдневните потреби како и реконструкција на постојните капацитети”, истакна независната кандидатка.
Никиштанци се пожалија дека во нивното село најмалку се вложувало, имаат сериозен проблем со канализационата мрежа и истакнаа дека досега многу се ветувало, а не се реализирало и доста им е од лажни ветувања.
Арсовска во разговорот со жителите на ова скопско село уште дополни дека „Скопје со сите општини треба рамномерно да се развива. Затоа потребни се брзи решенија кои ќе значат конечно надминување на затекнатите состојби и затоа започнуваме веднаш”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

