Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да побара клубот што го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани

Шилегов да побара клубот што го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„И во 2019 година и во 2021 година Град Скопје на чело со Петре Шилегов го финансира извидничкиот камп на кој малолетни деца сексуално и психолошки се трауматизирани.
Документите што ги објавивме јасно покажуваат дека Градот Скопје ги известил и средните училишта за оваа своја активност. Со тоа се покажува дека Шилегов точно знаел што прави и не може да бега од одговорност.
Десетици деца ќе имаат долгорочни психолошки последици како резултат на скандалозниот камп кој меѓу другото е овозможен и од финансиите од Шилегов.
Шилегов најмалку што може да направи е да ги побара назад парите и да се извини на скопјани. А по промената на власта ќе има и детална истрага за сите можни злоупотреби, за никогаш повеќе да не се повтори“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)