Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
Во периодот од 12:00 до 14:30 часот корисниците на дел од ул.Востаничка, дел од ул. Св.наум Охридски, дел од ул.Баница (општина К.Вода);
Во периодот од 11:00 до 14:00 часот корисниците од нас. Лисиче, ул.Димитар Туриманџовски, нас.Лисиче, дел од ТЦ Лисиче, дел од ТЦ Лисиче околу маркет Елида (општина Аеродром),
Во периодот од 7:30 до 15:30 часот корисниците од село Миладиновци, Дељадровци, Текија, ТС Петља Аеродром (улично осветлување на клучката Аеродром Петровец) (општина Илинден и општина Петровец)
Во периодот од 8:30 до 11:30 часот корисниците од бул. Кузман Јосифовски Питу, дел од ТЦ Скопјанка, „Мезе бар“ (општина Аеродром )
Во периодот од 7:00 до 11:00 часот, корисниците од ул.Иван Хаџиниколов, куќните броеви од 75 до 87 околу НЛБ Тутунска банка (општина К.Вода )
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Долно Количани, с.Пагаруша, с.Вртекица, с.Рамни Габер( општина Студеничани ), дел ос с.матка (општина Сарај)
Во периодот од 9:45 до 14:45 часот корисниците од ул. Скупи – потрошувачите кај Ратко Митровиќ (општина Карпош)
Во периодот од 8:00 до 12:00 часот корисниците на дел од с.Шишево (општина Сарај)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

