Свет
Поради падот на мрежите Цукерберг загуби повеќе од 6 милијарди долари

Поради падот на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“, богатството на Марк Цукерберг се намали за повеќе од шест милијарди американски долари за неколку часа, пишуваат светските медиуми.
Најпрво се урнаа социјалните мрежи и услугите за пораки во сопственост на „Фејсбук – Инстаграм“, „Ватсап“ и „Фејсбук-Месинџер“, а потоа слични проблеми на корисниците беа пријавени на Амазон, Тик-ток, Снепчет и други, пренесуваат агенциите.
Според странските медиуми, десетици илјади корисници ширум светот останале без интернет-конекција.
Кон крајот на септември беше објавена изјава од хакерскиот форум, за која се тврди дека поседува имиња, адреси за е -пошта, телефонски броеви, локација, пол и корисничка легитимација на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук, објавија неодамна одредени портали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Или ќе направиме фер договор со ЕУ или ќе ни платат

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Европската унија допрва треба да го понуди она што тој го смета за фер договор. Трамп истакна дека Јапонија е „тврда“ во трговските преговори, додавајќи дека министерот за финансии Скот Бесент останал на состанокот на Г7 во Канада.
Трамп претходно го напушти состанокот на Г7. Обраќајќи им се на новинарите на враќање во „Ер Форс Уан“, Трамп се осврна на односот на Европската унија со САД.
„Разговараме, но сметам дека сè уште не нудат фер договор. Или ќе направат добар договор или само ќе го платат она што ние велиме дека треба да го платат“, рече Трамп.
Претседателот на САД истакна и дека постои можност за трговски договор меѓу Вашингтон и Јапонија.
„Јапонците се тешки, но на крајот мора да разберат дека ќе испратиме писмо во кое ќе кажеме што треба да платат, инаку нема да работат со нас“, посочи тој.
Трамп најави дека наскоро ќе воведе царини за фармацевтската индустрија.
„Наскоро ќе се занимаваме со фармацевтски производи. Ова ќе ги врати сите компании во Америка“, убеден е тој.
Дополнително, тој рече дека Канада ќе плати за да биде дел од неговиот проект за ракетниот штит „Златна купола“.
Свет
Кремљ: Конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација

Кремљ денеска предупреди дека конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација, повикувајќи ги сите страни на воздржаност.
Портпаролот на Кремљ рече дека Русија во моментов не ја гледа подготвеноста на Израел за посредување или мирно решавање на конфликтот.
Русија, исто така, им нуди на своите граѓани можност за евакуација од Иран преку Азербејџан поради зголемените тензии.
Свет
Израел му се закани на Хамнеи: Ќе завршиш како Садам Хусеин

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, упати предупредување до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, претходно денеска сугерирајќи дека тој може да доживее судбина слична на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, јавува „Иран интернешнл“.
„Го предупредувам иранскиот диктатор да не продолжува да врши воени злосторства и да лансира ракети врз израелските граѓани. Треба да се сети што се случи со диктаторот во земја сосед на Иран, кој тргна по тој пат против државата Израел“, рече Кац.