Спорт
Бонучи се извини за црвениот картон
Леонардо Бонучи, на навивачите и италијанската јавност и се извини за црвениот картон, кој го доби на вчерашниот натпревар против Шпанија.
Италија, го загуби полу-финалниот натпревар во Лигата на нации од Шпанија со 1:2. Ова е првиот пораз на Италија по неверојатната серија од 37 натпревари без пораз.
Црвениот картон што го доби Бонучи влијаеше врз конечниот резултат. Капитенот на азурите, најпрвин доби жолт картон поради приговор, а потоа уште еден во 42.минута, поради стартот врз Бускетс.
„Бесен сум повеќе од сите вас. Лут сум на себе си. Се извинувам и жал ми е . Италија од ова ќе излезе уште посилна“, напишал Бонучи на „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лопетеги повеќе не е тренер на Вест Хем, доаѓа Потер
По неколкудневните преговори со нов кандидат, Вест Хем се сети да му го врачи отказот на сегашниот тренер, Хулен Лопетеги.
Она што се најавуваше некое време сега стана и официјално. Клубот од источен Лондон објави дека Лопетеги повеќе не е селектор на премиерлигашот, но се’ уште не го официјализирал доаѓањето на нов тренер.
„Чеканите“ се најдоа во незавидна ситуација на табелата. Моментално се само 14-ти со само 23 бода, што не беше ни блиску до очекуваното на почетокот на сезоната. Лопетеги не ги оправда очекувањата ниту на навивачите, ниту на управата, па челниците на лондонскиот клуб решија да бараат друг тренер. Тоа го направија многу транспарентно.
Додека Лопетеги официјално беше на клупата на Вест Хем, се појавија фотографии од челниците на лондонскиот тим како седат со поранешниот тренер на Челзи, Грем Потер.
Англискиот стручњак ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на Вест Хем, само се чека на официјализирање на соработката.
Следниот натпревар „Чеканите“ ќе го одиграат против Астон Вила во ФА Купот во петок од 21:00 часот.
Спорт
Куп на кралот – Барса и Реал се домаќини на Бетис и Селта, Атлетико гостува кај второлигаш
Барселона во осминафиналето на Купот на кралот ќе се соочи со Бетис, додека Реал Мадрид на домашен терен ќе игра со Селта Виго, беше одличено денес со ждрепка.
Бранителот на титулата, екипата Атлетик Билбао во осминафиналето ќе ја пречека Осасуна од Памплона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против второлигашот Елче.
Во останатите натпревари третолигашот Оренсе ја пречекува Валенсија, четвртолигашот Понтеведра на домашен терен игра против Хетафе, второлигашот Алмерија го пречекува Леганес, а осминафиналето го заокружува натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Рајо Ваљекано.
Натпреварите од осминафиналето се закажани за 14 до 16 јануари.
Спорт
Илон Маск сака да го купи Ливерпул за седум милијарди евра
Илон Маск, контроверзниот милијардер, наводно размислува да го купи Ливерпул, за кој е подготвен да издвои повеќе од седум милијарди евра. Ова го потврди неговиот татко Ерол во интервју за Радио Тајмс.
Маск постариот првично одби да ги коментира гласините бидејќи тоа може да ја зголеми цената на клубот од „Енфилд“, но на инсистирање на водителот призна дека Илон навистина сака да го купи славниот фудбалски клуб, а објасни и зошто токму Ливерпул.
„Точно е дека Илон изрази желба да го купи Ливерпул, но тоа не значи дека тој навистина ќе го направи тоа. Дали тој сака да го направи тоа? „Секако, кој не би сакал, би сакал и јас да го направам тоа“, изјави Ерол Маск. „Баба му е родена во тој град, таму имаме роднини, а Битлси пораснаа со некои од моето семејство“, објасни Ерол за мотивацијата на неговиот син, кој се поврзал со градот кога татко му го однел во Ливерпул како момче.
Теоријата за интересот на Илон Маск за купување ја лансираше Weekend Sport, според кој цената би била 7,2 милијарди евра, што е помалку од два отсто од богатството на Маск, кое се проценува на 400 милијарди евра.
Маск е сопственик на поранешниот Твитер, сега познат како платформа Х, како и фабриката за автомобили Тесла.