Спорт
Симонс во Индијана Пејсерс?
Незадоволниот играч на Филаделфија, Бен Симонс, кариерата би можел да ја продолжи во Индијана. Пејсерси, ја доставиле својата понуда, тврди Кит Помпи, новинар кој ги следи случувањата во Филаделфија.
Во замена за Бен Симонс, Пејсерс ги понудиле Малком Бронгдон, Крис Леверт и најмалку еден пик од првата рунда на драфтот.
Бронгдон две сезони е во Индијана. Минатата сезона е негова најдобра во кариерата, ја заврши со просек од 21,2 поени, 5,3 скока и 5,9 асистенции.
Леверт, во текот на минатата сезона во Индијана дојде од Бруклин. На 35 натпревари бележел во просек по 20,7 поени, 4,9 асистенции и 4,6 скока.
За разлика од Бронгдон и Леверт, Симонс минатата сезона имаше просек од 14,3 поени, 7,2 скока и 6,9 асистенции по натпревар.
Австралиецот предизвика вистински хаос во Филаделфија пред почетокот на сезоната, откако на сите им соопшти дека повеќе не сака да игра за оваа франшиза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
„Француското проклетство“ излечено со европскиот трофеј
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/f.jpg)
Меѓусебните дуели на овие две селекции датираат од 1926 година и во вкупниот скор вклучително и пријателските, Франција е далеку надмоќна со дури 19 победи, шест порази и три нерешени.
Првите три средби беа во полуфиналето на големите натпреварувања ЕП 1984 и 2000 година и Светското првенство во 2006 година.
Франција славеше три пати. Португалците сепак ги совладаат во дуелот за трофејот.
Тоа беше во финалето на Европското 2016, во Париз.
Така финалистот на Светското првенство во Катар стигна до четвртфиналето на Европското првенство.
Во првиот натпревар Вебер со автогол им донесе три бода против Австрија.
Следеа нерешени средби со Холандија и Полска. Првиот беше без голови, а во вториот Мбапе беше сигурен од белата точка.
Тие стигнаа до четвртфиналето благодарение на автоголот на белгискиот стопер Јан Вертонген. Ниту 19. удари кон голот на „црвените ѓаволи“ не беа доволни за да го матираат ривалскиот голман.
„Галските петли“ имаат тројца напаѓачи во тимот кои се меѓу четворицата најдобри стрелци во историјата на француската репрезентација. Рекордер е ветеранот Оливие Жиру, Антоан Гризман и е еден од најдобрите играчи во светот Килијан Мбапе.
Спорт
Последен натпревар за германскиот фудбалер Тони Крос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/kross1.jpg)
Германскиот фудбалер Тони Крос го одигра последниот натпревар во својата професионална кариера.
Крос пред почетокот на Европското првенство одлучи дека тоа ќе биде последен турнир за него.
Претходно го раскина договорот со Реал Мадрид и сакаше да ја заврши кариерата со трофејот кој е единственото нешто што му недостига.
Така Германецот ќе ја заврши кариерата со 832 натпревари и 80 голови.
„На моите последни натпревари ова лето, имав огромна желба да го освојам ова европско, заедно со мојот тим“, изјави Крос
Но, во тоа го спречија Шпанците, кои победија против Германија со 2:1 по продолженијата, со што Крос ги уништи соништата за трофеј на ЕП 2024.
Спорт
(ВИДЕО) „Црвената фурија“ фуриозно во 119. минута
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/morino.jpg)
Фудбалерите на Шпанија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство откако во дерби натпреварот ја совлада Германија со 2:1.
Се играше брз и динамичен фудбал, без калкулации.
Имаше можности, многу картони, возбудувања и голови, а натпреварот беше решен во неизвесна завршница.
На крајот, Шпанија имаше повеќе среќа, но и повеќе вештина и по долг период на доминација на Германците и голем број на пропуштени шанси, успеа да го повтори успехот од претходното ЕП и да се пласира меѓу најдобрите четири селекции.
Избраниците на Луис де ла Фуенте славеа со голот на Мерино во 119. минута од натпреварот.
Претходно Олмо ги доведе Шпанците во водство, Германците потоа напаѓаа како ураган.
Имаа шанси, ја погодија стативата, а преку Вирц во 88. минута го постигнаа заслуженото израмнување.
И во продолжението Германците беа подобри, поблиску до голот, Вирц имаше уште една голема шанса, Фулкруг беше неверојатен.
Шпанците имаа проблем со него, но Шпанците имаа човек на одлука во Мерино.
На една минута пред крајот на продолжението, на асистенција на Олмо, Мерино го направи најдобриот скок, и го матираше Нојер – на голема жалост на Германците во Штутгарт.
Судијата Ентони Тејлор покажа дури 16 жолти и еден црвен картон.