Спорт
Казна за Хамилтон пред ГН на Турција
Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, доби казна пред трката за Големата награда на Турција.
Хамилтон, принудно ја замени погонската единица, поради што на стартот ќе биде вратен десет места назад во однос на позицијата која ќе ја освои во квалификациите. Хамилтон сменил само одредени компоненти во погонската единица, поради што дбил две казни од по пет места.
Британецот, минатата сезона со победата во Турција, ја обезбеди седмата шампионска титула во Формула 1, со што се израмни на вечната листа со Михаел Шумахер.
Казна пред трката во Турција доби и Карлис Саинс јуниор од Ферари. Тој ќе вози со нов мотор поради што трката ќе ја започне од последното место
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голчиште на Мбапе, Реал рутински се справи со Севилја
Реал Мадрид лесно и убедливо ја порази Севилја со 4:2 во 19.коло. Ова беше 12-та победа за тимот на Карло Анчелоти оваа сезона од 18 натпревари. Реал има бод помалку од лидерот Атлетико, со потсетување дека и тимовите од Мадрид имаат натпревар повеќе од моментално третопласираната Барселона.
Реал, кој неодамна ја освои светската круна, лесно се справи со Севилја, во чии редовои легендарниот Хесус Навас, ги одигра последните 25 минути во кариерата.
По првиот дел резултатот беше 3:1 благодарение на головите на Мбапе, Валверде и Родриго. Голот за гостите го постигна Ромеро.
Најсилен впечаток кај навивачите дефинитивно остави голот на Мбапе во 10. минута, кога од 18 метри го погоди горниот десен агол од голот на гостите и му донесе водство на Реал. Тоа беше 14-ти гол за Французинот во дресот на Реал Мадрид, а десетти во Ла Лига
Дијаз во 53. минута зголеми на 4:1, а гостите преку Лукебакио постигнаа уште еден утешен погодок во финишот на натпреварот.
Севилја остана на 12-тото место на табелата во сезона, во која се соочува со големи финансиски проблеми тешко може да смета на подобра позиција.
Спорт
(Видео) Борнмут го декласира Манчестер јунајтед среде „Олд Трафорд“
Манчестер jунајтед доживеа катастрофален пораз од Бурнмут со 0:3 (0:1) на „Олд Трафорд“ во 17. коло од Премиер лигата.
Овој резултат е само продолжение на кошмарната сезона на славниот тим и најдобар показател дека новиот тренер Рубен Аморим се соочува истите проблеми како и неговите претходници.
Победата во дербито над Сити, кој исто така е во голема криза, очигледно не беше показател на вистинската форма на Јунајтед. Мечот со Борнмут уште еднаш ги покажа сите слабости во играта на манчестер јунајтед.
Ова беше четврти пораз за Манчестер под водство на португалскиот тренер.
Секако, очајниот настап на Јунајтед не може да го засени впечатокот на брилијантната партија која ја одиграа момците на Андони Ираола.
Гостите славеа со головите на Дин Хујсен во 29. минута, Џастин Клајверт од пенал во 61. минута и Антоан Семењо во 63. минута.
Без сомнение ове е една од најголемите победи на Борнмаут во историјата на клубот.
Реално гледајќи ја формата на двата тима и нивните позиции на табелата, ова беше очекуван епилог, Бурнмут сега се проби до петтото место додека Јунајтед продолжи да тоне.
Ова беше седми пораз на славниот тим сезонава во само 17 натпревари.
Премиер лига, 17. коло
сабота
Астон Вила – Манчестер Сити 2:1 (1:0)
/Дуран 16, Роџерс 65 – Фоден 90+3
Брентфорд – Нотингем Форест 0:2 (0:1)
Аина 38, Еланга 51/
Вест Хем – Брајтон 1:1 (0:0)
/Кудус 58 – Вајфер 51/
Ипсвич – Њукасл 0:4 (0:3)
/Исак 1, 45+2, 54, Марфи 32/
Кристал Палас – Арсенал 1:5 (1:3)
/Сар 11 – Жесус 6, 14, Хаверц 38, Мартинели 60, Рајс 85/
недела
Манчестер Јунајтед – Борнмаут 0:3 (0:1)
/Хујсен 29, Клајверт 61.п, Семењо 63/
Евертон – Челзи 0:0
Фулам – Саутемптон 0:0
Лестер – Вулверхемптон 0:3 (0:1)
/Гуедес 19, Гомес 36, Куња 44/
Спорт
(Видео) Валенсија во 98.минута се спаси од пораз против Алавес
Валенсија продолжува да се мачи и да се дави во зоната за испаѓање. Попладнево, Валенсија во 98.минута се спаси од пораз против Алавес.
Дани Гомеш и донесе бод на Валенсија со гол во осмата минута од судиското надополнување. Со овој бод Валенсија се израмни со Ваљадолид, овие две екипи со 12 бода се на дното на табелата.
Гостите од Баскија водеа двапати во мечот. Првото водство го донесе Мартин со гол во седмата минута. Валенсија израмни дури во 70. минута од пенал.
А потоа уште еден шок. Во 88. минута пенал за Алавес. А прецизен беше Џоан Џордан.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, прв пат бранеше за Валенсија во Примера од почетокот на сезоната.