Спорт
ФИФА ќе го одложи клупскиот Мундијал
Светската фудбалска федерација (ФИФА), планира да го одложи клупскиот Мундијал за почетокот на наредната година.
Коронавирусот и мерките за заштита од него, ги натераа Јапонците да ја откажат организацијата на Светското клупско првенство. Натпреварувањето требаше да се одржи во декември.
По Јапонија, од организацијата се откажа и Јужна Африка.
Агенцијата „АП“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека ФИФА планира клупскиот Мундијал да се одржи во јануари или февруари наредната година.
Веројатно Светското клупско првенство ќе се одржи во Катар. Оваа земја, беше домаќин на клупскиот Мундијал во февруари годинава, кога титулата ја освои Баерн Минхен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Артета: Ме загрижува повредата на Сака
Арсенал, вчера го победи Кристал Палас (5:1) во Премиер лигата, но остана без Букајо Сака. Тренерот Микел Артета во изјава за британските медиуми, рече дека го загрижува повредата на еден од неговите најдобри фудбалери.
Сака мораше да го напушти теренот во 25. минута откако се пожали на повреда на тетивата. Артета реагираше и го замени.
„Почувствува нешто во задната ложа и не можеше да продолжи да игра. Ќе мора да оди на детални прегледи, но јас сум многу загрижен“, изјави Артета по мечот.
Колку долго Сака може да биде надвор од терените?
„Тешко е да се процени. Ќе мора да направи тестови, но многу е тешко сега да се каже колку е сериозна повредата“, рече Артета.
Сака го напушти стадионот на Кристал Палас со патерици.
Спорт
Луис Суарез ги почести играчите на Атлетико по победата против Барселона
Луис Сиарез е еден од играчите кои Барселона ги вклучи меѓу своите легенди. Тој одигра 283 натпревари за клубот, постигна 195 голови и забележа 113 асистенции на патот до 13 трофеи, вклучувајќи една за најдобриот клуб во Лигата на шампионите и четири за најдобриот тим во Ла Лига.
По Барса играше и за Атлетико Мадрид, а токму тие два клуба го одиграа дербито од шпанското првенство во саботата навечер.
Суарез беше на натпреварот, а по него направи потег за кој пишуваат шпанските медиуми. Иако легендата на Барселона има одиграно точно 200 натпревари повеќе за тој клуб од Атлетико и има постигнато 161 гол помалку, уругвајскиот напаѓач се уште е поврзан со мадридскиот клуб со кој беше шпански шампион во сезоната 2020/21. Таа сезона постигна 21 гол, вклучувајќи го и последниот во Ваљадолид со кој „јорганџиите“ ја освоија 10.титула во клупската историја.
Тоа го докажа со тоа што ги почести играчите на Диего Симеоне со оброк од неговиот ресторан по дербито во кое Атлетико победи со 2:1. Победата против Барселона беше 12-та по ред за Атлетико, ако се погледнат резултатите на клубовите во сите натпреварувања.
Очигледно Суарез не може да и прости на Барселона, поточно на тогашниот тренер Роналд Куман, кој буквално го избрка од клубот.
Спорт
Симеоне: Облак не спаси, Серлот ни донесе победа, Барселона не заслужи да загуби
Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа ја шокираа Барселона на „Монжуик“, победувајќи со 2-1 со голот на Александер Серлот во 96. минута, во големото дерби од 18. коло на шпанската Ла Лига.
Атлетико на тој начин го обезбеди првото место на крајот од годината, со 41 бод, три повеќе од Барса и четири од Реал, кој денеска и гостува на Севилја.
„Јорганџиите“ за прв пат славеа на теренот на Барселона по 2006 година, а сласта на триумфот во Каталонија над големиот ривал конечно ја почувствува долгогодишниот тренер на Атлетико, Диего Симеоне. Неговиот тим синоќа покажа дека е доволно зрел да ја врати титулата на „Метрополитано“ по четири години.
„Среќен сум, не можам да лажам. Страдавме, Барселона играше исклучително добро, постојано не напаѓаа. Но, ние се браневме брилијантно, одбраната беше извонредна, Облак пред се. Тоа ни овозможи да опстанеме. Тимот беше трпелив , го искористивме контранападот на Серлот и остваривме голем триумф. Ова е тимска победа, бидејќи ние сме најсилни кога сме група“, истакна Симеоне по мечот.
Зборуваше за играчите, а го пофали и Серлот кој на најдобар можен начин зошто натпреварите ги започнува од клупата за резерви.
„Не извлече од неволја, ни донесе голема победа. Можеби Барселона не заслужи да загуби. Имаа многу шанси против нас, но и против Лас Палмас и Леганес. Сепак, фудбалот е таков спорт, кога не можете да постигнете гол, тогаш имате голем проблем“, заврши Симеоне.
Интересно, Александер Серлот ја победи Барселона на гостински терен со три различни клуба во Ла Лига (Сосиедад, Виљареал и Атлетико) во последните две сезони и секогаш бил стрелец.