Македонија
Арсовска од Сингелиќ: Водоводна и канализациона мрежа, улици без кал и дупки и зеленило во секое населено место

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска го посети скопско Сингелиќ во општина Гази Баба, каде се сретна и разговараше со жителите од ова населено место.
Санација и покривање на ободниот канал, изградба на градинка и плоштад, трајно решавање на проблемот со фекалната канализација и асфалтирање на сите улици се дел од клучните барања кои ги истакнаа граѓаните пред кандидатката за градоначалник, Арсовска.
Арсовска на жителите им порача дека по 17 октомври веќе нема да има заборавени населби во градот и дека таа ќе работи за подобрување на условите за живот на сите скопјани подеднакво.
„Водоводна и канализациона мрежа, улици без кал и дупки и зеленило во секое населено место се основни работи кои треба да им бидат овозможени на сите граѓани во секое населено место. Должност на секој градоначалник е да ги обезбеди овие основни потреби и тоа ќе го направам брзо и ефикасно, веднаш по отпочнување на мојот градоначалнички мандат. Затоа што граѓаните немаат време за чекање, особено не за вакви приоритетни работи“, истакна Арсовска на средбата со граѓаните во Сингелиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.