Црна хроника
Пронајден и казнет возачот кој возел во пешачка зона во Струмица

Полицијата ги пронашла возачот и возилото за кое по претходни објави на социјалните мрежи било пријавено дека патничкото возило се движи во пешачка зона во Струмица.
Имено, денеска полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, постапувајќи по пријава за претходно објавени снимки на социјалните мрежи, според кои патничко возило се движи на места определени за пешаци по ул.”Благој Ј.Мучето” и на плоштадот “Гоце Делчев”, по преземени мерки и активности ги пронашле возачот и возилото.
Притоа било констатирано дека станува збор за Н.А.(23) од с.Градашорци кој управувал патничко возило “голф”, со струмички регистарски ознаки.
За непочитување на законските прописи против Н.А. како што соопшти полицијата се изречени соодветни платни налози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Овозможил влез на патник со мерка „апси“: кривична пријава за полицаец од скопскиот аеродром

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против С.С. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место „полицаец“ во ПС за ГП „Меѓународен аеродром Скопје“, на 12.08.2025 несовесно постапил при вршење на своите овластувања и должности односно не извршил пасошка контрола на патник кој минувал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“ при влез во државата. Со ваквото дејствие полицискиот службеник му овозможил на патникот да оствари влез преку државната граница, го ставил во поволна состојба, му овозможил лична корист и нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Полицаец претепан од осуденик во затворот „Идризово“

Вчера околу 11:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека во установата, затворски полицаец бил физички нападнат од осуденикот К.А.(33) од Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Четирицикл удрил во пешаци во Битолско: четворица повредени

На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп.
Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.