Спорт
Само Србија се намачи од фаворитите, голема победа за Албанија во Будимпешта
Сите фаворити забележаа победи, во натпреварите кои се одиграа вечерва во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Изненадување направи единствено Албанија, која со победата над Унгарија во Будимпешта, се искачи на второто место во својата група.
Србија, во А-групата, се изнамачи со Луксембург. Србите промашија неколку шанси во првиот дел, беа оштетени за пенал, а до победата дојдоа со голот на Влаховиќ во 67.минута.
Со натпревар повеќе од Португалија, Србите водат во групата со 14 бода, еден помалку имаат Португалците. Останатите, Луксембург, Република Ирска и Азербејџан, немаат шанси за пласман на Мундијалот.
Во Ц-групата, Швајарија ја победи Северна Ирска со 2:0. Ирицуте од 37 минута играа без исклучениот Луис. Зубер и Фашнач ги постигнаа головите.
Италија е прва во групата Швајцарија. Азурите имаа 14 бодови и меч повеќе од Швајцарија која има 11 бодови.
Данците, гостуваа во Молдавија, славеа со 4:0. Головите беа постигнати во првиот дел од 23. до 44.минута. Олсен, Кјер, Норгард и Меле беа стрелци.
Во оваа група Австрија со головите на Лаимер и Сабицер победи кај Фарските острови.
Днаска со максимални седум победи води во Ф-групата, пред Шкотска која има 14 бодови, следуваат Израел и Австрија со 10.
Во И-групата Англија со „шарен“ состав победи во Андора со 5:0, Полска со исте резултат го победи Сан Марино, а Албанија славеше со 1:0 во Унгарија.
Англија има 19 бодови на првото место, Албанија ја следи со 15, Полска има 14.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

