Спорт
„Вимблдон се игра секоја година, зошто тогаш да немаме СП на секои две години?“
Светското првенство на секои две години нема да ја згасне „магијата“ на турнирот, смета првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино. Претседателот на ФИФА, во Израел, бил еден од гостите кои присуствувале на десеттата годишна конференција на Ерусалим Пост.
Настапот на Инфантино покажува дека ФИФА нема намера да се откаже од идеата, која наиде на многу критики во фудбалскиот свет. Планот на главниот човек задолжен за развој на фудбалот, Арсен Венгер и Инфантино е светските првенства наместо на секои четири, да се одржуваат на секои две години.
„Угледот и големината на некој настан зависи од неговиот квалитет. Секоја година го имате Супербоул, Вимблдон или финалето во Лигата на шампионите. Овие настани сите ги чекаат со голема возбуда…“, рекол Инфантино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Спринтот во Мајами му припадна Макс Ферстапен
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на втората спринт трка во сезоната, која се возеше како дел од Големата награда на Мајами, шестата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
На тој начин, трикратниот светски шампион ја забележа втората победа во спринт сезонава, а воедно го задржа и максималниот учинок низ улиците на Мајами, откако победи во претходните две изданија на оваа трка.
Исто така, Ферстапен ја продолжи својата серија без пораз во Соединетите Држави откако се врати од пандемијата на коронавирус, тој славеше три пати во Остин и во Лас Вегас минатата година.
Најблиску до холандскиот возач беше Шарл Леклер во Ферари, додека вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше на третото скалило на подиумот.
Ферстапен ја обезбеди победата во спринтот уште на самиот старт, кога ја одбрани својата позиција од Леклер, додека Даниел Рикиардо во болидот на тимот на РБ се проби пред Перез.
Недолго потоа, безбедносното возило излезе на патеката, бидејќи Ландо Норис застана на патеката, по инцидентот што го започна седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон. Возачот на Мерцедес закочи предоцна, удри во Фернандо Алонсо во Астон Мартин, кој налета на неговиот тимски колега Ленс Строл, кој го истурка Норис. Двократниот светски шампион во тој момент за Хамилтон изјави дека „летал како бик“.
Кога возилото за безбедност ја напушти патеката, Макс успеа да се одлепи од Леклер, кој беше сигурен на второто место, но Рикиардо брзо мораше да му ја отстапи третата позиција на Перез.
Австралиецот мораше да се задоволи со четвртото место, бидејќи до крајот успеа да одолее на нападите на Карлос Саинц Јуниор во Ферари.
Шестото место го зазеде Оскар Пјастри од Мекларен, пред возачот на Хас Нико Хилкенберг и Луис Хамилтон, но на крајот од трката тој беше казнет со 20 секунди поради пребрзо возење низ боксот.
На овој начин последниот поен му припадна на Јуки Цунода, кој беше претекнат од Хамилтон по дуелот со Кевин Магнусен во болидот на Хас, кој во неколку наврати недозволено се бранеше во дуелите со Хамилтон, поради што доби казна од 20 секунди.
Спорт
Шкендија победи кај Шкупи, Македонија ЃП и Брегалница испаднаа од лигата
Шкендија, во Чари го доби дербиот со Шкуши и остана на челната позиција на табелата. Во последните две рунди, Шкендија и Струга влегуваат со 61 бод, три повеќе од Шкупи. На две кла до крајот на сеозната Македонија ЃП и Брегалница останаа без теоретски шанси да опстанат во лигата. Вардар до крајот ќе се бори да го избегне баражот за опстанок. Три бода од црвено-црните е оддалечен тимот на АП Брера. Работнички во вистинско време влезе во форма, има четири победи и реми во последните пет рунди и се искачи на петтото место на табелата,
Резултати 31 коло:
Работнички-Тивеш 3:1
Вардар-Македонија ЃП 1:0
Воска спорт-Силекс 2:1
Шкупи-Шкендија 0:2
Струга-Гостивар 1:0
АП Брера-Брегалница 1:1
Табела:
Спорт
(Видео) Реал гази кон титулата, Кадиз ја продолжува борбата за опстанок
Фудбалерите на Реал Мадрид славеа против Кадиз со 3:0 во натпреварот од 34.коло на Ла Лига. Првиот натпревар за Реал оваа сезона го одигра голманот Тибо Куртоа.
Реал го продолжи походот кон титулата, која математички ќе ја обезбеди во наредната рунда.
Во однос на Барселона имаат +14, барем додека Каталонците не го одиграат својот натпревар од ова коло на Џирона (18:30 часот).
По неинтересното прво полувреме во кое немаше голови, Реал лесно го реши прашањето на победникот.
Брахим Дијаз погоди во 51. минута, по асистенција на Лука Модриќ. Џуд Белингем го удвои водството во 68. минута. Три минути по влегувањето во игра ја искористи асистенцијата на Дијаз.
Конечните 3:0 ги постигна Хоселу во петтата минута од судиското надополнување.
Кадиз и натаму е во зоната за испаѓање, со 26 бода, пет помалку од Селта од Виго, која е „над линијата“.