Спорт
Пикси: Не ме интересира баражот, во Португалија одиме да избориме место на СП

Србија го победи Азербејџан со 3:1 и во последното коло, обезбеди бараж, а во последното коло ќе се обиде да избори директен пласман на СП во Катар.
Избраниците на селекторот Пикси Стојковиќ, во последната рунда ќе гостуваат во Португалија. Ќе мора да победат доколку сакаат да го избегнат баражот. Бод би им одговарал само во случај, Република Ирска приреди сензација и победи Португалија пред дуелот со Србите во Лисабон.
„Никогаш не сум се занимавал со калкулации. Од моментот кога станав селектор се концентрирав на мојот тим, убеден сум дека ќе одиме до крај. Кога ми кажаа дека сме избориле место во баражот им кажав дека ме интересира само првото место. Финалето за нас е во Португалија, таму ќе се решава кој ќе избори директен пласман на Мундијалот“, рекол Пикси.
Србија е прва во А-групата со 17 бодови, еден повеќе од Португалија која има и натпревар помалку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тотенхем успеа да го добие Педро Поро од Спортинг Лисабон

Челниците на Тотенхем успеаја да го обезбедат трансферот на Педро Поро. Откако Спортинг Лисабон се согласи на договор, тоа ќе биде позајмица до крајот на сезоната со задолжително откупување од 40 милиони евра.
Сепак, тука не е крајот на добрата работа на лондонскиот клуб во последниот ден од преодниот рок. Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, склучен е договор со Атлетико Мадрид, па Мет Доерти вториот дел од сезоната ќе го помине со „јорганџиите“ како позајмен играч од Лондон.
Ирецот не е првиот избор на Конте на позицијата крај десната аут линија каде предност има Емерсон Ројал, а сега пристигна и Педро Поро.
Спорт
Баерн Минхен го претстави Жоао Кансело

Португалскиот репрезентативец Жoao Кансело е нов фудбалер на Баерн Минхен. Тој дојде од Манчестер Сити на позајмица до крајот на сезоната.
До неодамна Кансело беше исклучително важен играч во тимот на тренерот Пеп Гвардиола, но дојде до незадоволство кај фудбалерот откако беше резерва во тимот во изминатите неколку седмици.
Кансело има и откупна клаузула од 70 милиони евра која Германците ќе треба да ја платат доколку сакаат да го задржат и по завршувањето на сезоната.
🔴⚪ Hier mag euch jemand 𝓢𝓮𝓻𝓿𝓾𝓼 sagen! 👀✌️ #ServusJoão
🔗 https://t.co/Zl8900o30p#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/OppwjX5TW6
— FC Bayern München (@FCBayern) January 31, 2023
Спорт
РФМ ги донираше финансиските средства од хуманитарниот меч „Сите ѕвезди“ во СОС Детско село

Челниците на Ракометна федерација на Македонија, претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски го посетија СОС Детско село. Ветувањето е остварено, донацијата од настанот „Сите ѕвезди“ ќе заврши кај оние што им е најпотребна.
„Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.
„Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа.
Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт“, потенцираа од РФМ.