Контакт

Спорт

Тепачка за потписот на Влаховиќ

Објавено пред

Душан Влаховиќ ќе ја напушти Фиорентина. Прашање е само дали тоа ќе се случи во зимскиот или во летниот преоден рок. Српскиот напаѓач одби да го продолжи договорот со „виолетовите“, со што го стави клубот пред свршен чин. Наредното лето Фиорентина ќе мора да го продаде доколку сака да заработи од неговиот трансфер.

dobivaj vesti na viber

Долг е редот на клубовите што се заинтересирани за 21-годишниот напаѓач. Минатото лето Фиорентина одби 60 милиони евра од Тотенхем и Атлетико Мадрид. Планира тимот да го градат околу Влаховиќ, но тој ја одби рекордната понуда од 40 милиони евра за пет сезони.

Италијанските медиуми тврдат дека Влаховиќ во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Јувентус. Наводно, Јувентус има подготвен пакет, пари плус Дејан Кулушевски за Влаховиќ.

Во игра биле и Манчестер сити и Тотенхем, а план за Влаховиќ имале и од ПСЖ.

Леонардо сметал дека Србинот би бил одлична замена за Килијан Мбпапе, кој ќе замине од Париз.

„Ле 10 спорт“, повикувајќи се на свои извори, тврди дека ПСЖ подготвил 70 милиони евра за неговиот трансфер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Арсен Венгер ќе успее во намерата – ќе се менува правилото за офсајд

Објавено пред

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) повторно ја разгледува новата имплементација на правилото за офсајд.

dobivaj vesti na viber

Според предлогот на поранешниот тренер Арсен Венгер, за позицијата да биде неправилна, би морало да има растојание помеѓу напаѓачот и дефанзивецот.

Венгеровото правило се појави како уште една идеја за подобрување на фудбалот, поточно правилото за офсајд, често контроверзна ситуација каде што растојанието помеѓу дефанзивецот и напаѓачот е толку мало што е речиси незабележливо.

За да се избегне поништување на голови поради маргини кои понекогаш се невидливи за човечкото око, Венгер, сега директор за фудбал на ФИФА и авторитетен глас благодарение на неговиот успешен тренерски мандат во Арсенал, излезе со револуционерен план кој го промени концептот на офсајд.

Во таа предложена промена, повеќе не е доволно само еден дел од телото на напаѓачот да биде пред дефанзивецот за да се нарече офсајд, туку целото тело мора да биде напред.

На тој начин, новата технологија во чипови во топките и камерите на стадионите можат точно да одредат кога телото на напаѓачот е всушност пред телото на дефанзивецот.

Според судијката Итуралдо Гонзалез, нов предлог за офсајд е повторно презентиран на ИФБА по две години неактивност.

„Ќе се дискутира на годишниот состанок, кој го сочинуваат 23-ца фудбалери и 11 судии, предводени од Венгер. Доколку помине, ќе оди на генералниот состанок закажан за февруари. Дури 95% од предлозите што ќе стигнат до тој состанок се усвоени“, објаснува Гонзалез.

Оваа нова примена на офсајд би имала за цел да постигне повеќе голови и да избегне спорни ситуации во милиметри.

Сепак, фудбалскиот свет никогаш целосно не ја поддржал оваа идеја, бидејќи таа го менува начинот на кој тимовите се бранат и пристапуваат кон натпреварите.

Доколку се усвои, правилото ќе мора да помине низ тест фаза на помали турнири и натпреварувања.

Прикажи повеќе...

Спорт

Компани во Баерн до 2029 година

Објавено пред

Челниците на Баерн Минхен се презадоволни од работата на Венсент Компани, па по само една сезона решија да му го продолжат договорот.

dobivaj vesti na viber

Новиот договор важи до јуни 2029 година. Претходниот договор беше важечки до 2027 година.

Компани дојде во Минхен од Барнли во јуни 2024 година и ја освои титулата во Бундеслигата во својата прва сезона. Пред почетокот на оваа сезона, тој го освои трофејот во Суперкупот на Германија.

„Чест ми е што добив поддршка. Го запознав клубот, ми се чини дека сум тука многу подолго од една година. Ова е продолжение на едно прекрасно патување. Мораме да работиме уште понапорно и да славиме уште многу успеси“, рече Компани.

Баварците имаат совршен почеток на сезоната. Во осум натпревари од Бундеслигата, тие имаат исто толку победи, а во Лигата на шампионите победија во првите два натпревари.

Foto/ FC Bayern München

Прикажи повеќе...

Спорт

180 навивачи на Наполи уапсени во Холандија

Објавено пред

Полицијата приведе 180 навивачи на Наполи поради страв од немири пред натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСВ и Наполи во вторник во 21 часот.

dobivaj vesti na viber

Органите на редот соопштија ги привеле навивачите на италијанскиот тим и ги префрлила со автобус во полициската станица на испрашување „бидејќи нивното однесување довело до нарушување на редот“.

Исто така, четворица навивачи на ПСВ беа приведени на друга локација во градот. Градските власти го прогласија вечервашниот дуел за натпревар од висок ризик.

Минатата недела, властите создадоа зона на безбедносен ризик во центарот на градот и околу стадионот на ПСВ, поради страв од судири на навивачите. Полицијата на тој начин доби дополнителни овластувања за следење и контрола на толпата и пребарување на навивачите за оружје и пиротехнички средства.

ПСВ освои бод во првите две кола од Лигата на шампионите, а Наполи има три.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра

Најголема постигната цена на стан за квадратен метар во периодот јули – септември е 189.231 денар или речиси 3.000 евра,...

Македонија2 часа

Ново поглавје во неврохирургијата: на Клиниката во Скопје првпат изведена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

Mинатата недела на Клиниката за неврохирургија првпат се изведе операција на мозокот со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic...

Топ2 часа

Трошела пари за патувања во странство: поднесено обвинение за поранешна директорка на ученичкиот дом „Мирка Гинова“

Основното јавно обвинителство Битола, по спроведена претходна постапка, до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешна директорка на Државниот ученички дом...

Топ3 часа

Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: замрзнат имот во Србија и во Македонија на осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“

Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање...

Македонија3 часа

Арсовска со реакција за фотографијата на Ѓорѓиевски, Меџити и Бакиу: Нека ви се честито дивоградбите, важно убаво сте излезени на неа

Ексградоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, со реакција на социјалните мрежи за заедничката фотографија на кандидатот за градоначалник на град...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДСМ 230 советника, што е помалку за 166

„ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во...

Свет5 часа

Прва жена премиерка на Јапонија – сака хеви-метал, свири на тапани, се спротивставува на истополовите бракови

Конзервативката Санае Такаичи ќе стане првата жена премиерка на Јапонија откога вчера беше изгласана во парламентот. Ова е историски момент...

Свет6 часа

Хили: Од крајот на Втората светска војна европската безбедност не била во ваков ризик од конфликт

Велика Британија е подготвена да потроши „начително повеќе од 100 милиони фунти (115 милиони евра) за евентуално распоредување британски сили...

Свет6 часа

Поранешен амбасадор на САД: Путин го изигра Трамп, самитот во Будимпешта е стапица

Поранешен американски дипломат изрази сериозни сомнежи во врска со најновите напори на Белата куќа да посредува за завршување на војната...

Свет6 часа

Саркози од денес во затвор

Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше дискретно пречекан во Елисејската палата од страна на сегашниот претседател Емануел Макрон во петокот...

Македонија20 часа

Најголема победа во првиот круг има Јане Мицевски во Сопиште со освоени 80,2% од гласовите, вети нов резервоар за вода

Кандидатот за градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, извојува најголема победа во првиот круг на овие локални избори со...

Македонија23 часа

Мециновиќ: Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Левица кој влезе во вториот круг на Локалните избори им се заблагодари на граѓаните...

Македонија24 часа

Не сум фокусиран на противникот затоа што противник и немам, тука сум за народот, вели Ѓорѓиевски и најавува посилно темпо

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој наспроти очекувањата, не победи во прв круг, вели дека уште...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, оставка од Филипче

Македонија е обoена во црвено. ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа на локални избори до сега, било кога видена во...

Македонија1 ден

Втор круг во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, шест скопски општини добија градоначалници во првиот круг

Граѓаните во шест скопски општини веќе избраа градоначалници во првиот круг – Бутел, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров...

Македонија1 ден

Шукова: Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак се гордеам со кампањата што ја водевме

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, се огласи на социјалните мрежи откако вчера не успеа да...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левицата, „Влен“ и ДУИ имаат по 6

ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на...

Топ1 ден

Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека...

Македонија1 ден

СДСМ по изборите: Oстануваме втора најсилна партија, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ имаат пад на поддршката

По обработени 99 отсто од гласовите, од СДСМ соопштија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицискиот партнер ЗНАМ, забележала голем пад...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ добива 32 градоначалника во првиот круг, „Влен“ зад нив со победа во пет општини

ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник во првиот круг од локалните избори, со освоени 32 општини, покажуваат утрово податоците објавени на страната...