Спорт
Роџерс го одбил Њукасл јунајтед

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, не бил заинтересиран за работното место во Њукасл јунајтед, објавија британските медиуми.
Њукасл јунајтед минатата недела доби нови газди. Јавниот фонд на Саудиска Арабија сега стои позади клубот. По преземањето, се најавени големи промени во клубот. Една од промените треба да се случи и на менаџерската позиција.
Извесно е дека Атив Брус ќе добие отказ, а со името на неговиот наследник наголемо се шпекулира.
Еден од кандидатите бил и Роџерс, но како што обајави „Скај спорт“, тој бил задоволен во Лестер и верувал дека со тимот може да бележи добри резултати.
Роџерс, од фавурари 2019 година е менаџер на Лестер, претходно работел во Ливерпул и Селтик.
Последните две сезони Лестер ги завршуваше на петтото место во Премиер лигата, а минатата сезона го освои трофејот во ФА купот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар 1961 со победа се враќа од Тулуз

Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа втората победа во Европската лига. Вечерва во Тулуз, екипата на Иван Чупиќ славеше со 28:26.
Вардар 1961 го растури Тулуз во првиот дел, на полувремето резултатото беше 18:11. Тулуз не се предаде, во вториот дел ја истопи предноста на црвено-црните на само еден гол (23:22).
Сепак Вардарци не ја испуштија победата, се конслидираа, со предност од четири гола влегоа во последните пет минути, па Тулуз немаше ни време, ни сили да ја оспори победата на македонскиот вице-првак.
Јака Малус со 6 гола беше најефикасен кај Вардар.
Во вториот натпревар од групата на Вардар, екипите на Сесвете и Кристијанштад одиграа нерешено 32:32.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
(Видео) Барселона го декласира Олимпијакос, Пафос со играч помалку освои бод во Алмати

Барселона го декласира Олимпијакос со 6:1, а Каират и Пафос одиграа без голови, во првите натпревари од третото коло во Лигата на шампионите.
Барселона на домашен терен доминираше против Олимпијакос, но до убедливата победа дојдоа откако грчкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот.
Фермин Лопз и донесе предност на Барселона од 2:0 со головите во седмата и 39-та минута. Во 50-та минута ВАР го поништи голот на Ел Каби, но само четири минути подоцна напаѓачот на Олимпијакос го намали резултатот.
Мечот практично беше решен во 57-та минута кога Хезе го доби вториот жолт картон.
Од тој момент Барселона постигна четири гола. Јамал погоди од пенал, Лопез го комплетира хет-трикот, а два гола постигна Рашфорд.
Во Алмати, Каират речиси целиот натпревар го одигра со играч повеќе и според шансите успеа да се спаси од пораз.
По три минути и две секунди игра Кореа доби црвен картон поради опасен старт. Ова е вториот најбрз црвен картон во историјата на лигата на шампионите. Рекордер сè уште е Олександр Кучер, кој беше исклучен по две минути и 39 секунди на натпреварот помеѓу Шахтјор и Баерн на 11 март 2015 година.
Во првиот дел Драгомир имаше ситуација „еден на еден“ со голманот на Каират, добра шанса промаши и бразилскиот верат, Давид Луиз, а во вториот дел во 71-та минута Драгомир постигна спектакуларен гол, но ВАР го поништи бидејќи стрелецот на голот на почетокот на акцијата беше во офсајд.
Foto/ EPA
Спорт
Мафијата вмешана во водењето на италијанскиот клуб – Сега е под судска управа

Италијанскиот второлигашки фудбалски клуб Јуве Стабија, кој потекнува од Кастеламаре ди Стабија во близина на Неапол, е под судска администрација поради можна вмешаност на мафијата во неговиот бизнис, објавија италијанските обвинители и полицијата.
Неаполската мафијашка организација Камора ги има своите корени токму во Кастеламаре ди Стабија, а канцеларијата на италијанскиот обвинител објави дека обемната истрага „открила систем сличен на мафијата во економските активности на клубот“.
Сегашната сопственичка структура на клубот „наследила долгорочни економски врски кои биле предмет на влијание на мафијата од самиот почеток и не вовеле соодветни механизми за контрола и заштита како одговор“.
Компанијата Брера Холдингс, со седиште во Ирска, купи 52 проценти од клубот во јуни оваа година.
Обвинителството тврди дека Камора ја контролирала продажбата на билети, испораката на храна, перењето облека и обувки, медицинската грижа за играчите, па дури и ги имала под контрола патните трошоци на првиот тим.
„Играчите само мораа да играат, Камора се погрижи за сè друго“, рече неаполскиот обвинител Никола Гратери.
Задачата на судската администрација затоа ќе биде да ја врати легалноста и транспарентноста на раководството и да го врати клубот во состојба на независност од мешањето на мафијата.
Минатиот месец, судска администрација беше воведена и во третолигашкиот клуб Кротоне од јужниот регион Калабрија, исто така поради сомневања дека е инфилтриран од организиран криминал.