Македонија
(Видео) Заев од Арачиново: Режимот денес го нема, ниту ќе дозволиме да се врати
Претседателот на СДСМ на денешната граѓанска трибина „Најдоброто за мојата општина ‘‘ пред арачиновци вети дека развојот на Арачиново ќе продолжи како и досега, бидејќи СДСМ е партија која не ги дели ниту луѓето, ниту, пак, општините и додаде дека Арачиново ќе биде европска општина, како и сите други општини.
„ И освен што го унапредивме Арачиново за 2 века, одржавме лекции по заедништво на оние другите кои глумат разбудени од деценискиот сон – демек ја разбрале вредноста на заедништвото. А сите знаеме, не се одамна тие времиња, во коишто истите овие кадри од криминалната банда на Груевски, меѓу кои и Мицкоски, го подриваа соживотот, за да го одвлекуваат вниманието на јавноста и слободно да крадат. А потоа други да одговараат. Е тоа го има само во режимот, ама режимот денес го нема, ниту ќе дозволиме да се врати“- рече Зоран Заев.
Заев потенцирање дека Арачиново е пример дека сите заедно можеме да живееме, да се сакаме и да се почитуваме, што претставува клуч за успехот и напредокот не само на општинити, туку и на државата.
„ Нашата сила е во заедништвото. А заедништвото е најдоброто и за Арачиново и за Република Северна Македонија. И затоа – си знаете и вие – на 17 октомври: пенкалото в рака и како што заедно срушивме режим, да не оставиме ни зрак ‘светла иднина на режимот’, да му го запечатиме местото во минатото, а ние, заедно, повторно со пекналото в врака, да го донесеме НАЈДОБРОТО“ – додаде Заев.
Заев го поздрави досегашното менаџирање на градоначалничката Миликије и даде поддршка да продолжи да работи како и досега и повеќе, и од доброто и подоброто, да го сработи најдоброто за Арачиново.
„ Миликије памети од детството, како вашите, нашите предци тука, сакале да живеат во мирна, спокојна средина, со сите потребни услови за квалитетен живот. Од запоставено Арачиново, поделено, без елементарни услови за живеење, Миликије сплоти и сработи. Ете вакви луѓе ни требаат, кои соработуваат, кои градат мостови и најважното – работат, се грижат – се грижат за сите“, рече Заев и побара од арачиновци на 17 октомври да победи заедништвото, проектите, напредокот и демократијата, да победи Најдоброто за Арачиново.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

