Спорт
Најбизарниот црвен картон во историјата – Луиз Фелипе го провоцираше пријателот Кореа
Во италијанското дерби помеѓу Лацио и Интер имаше многу интересни, комични, контроверзни моменти, но крајот на мечот беше навистина неверојатен откако Луиз Фелипе доби црвен картон за тоа што му скокна на грбот на својот близок пријател Хоакин Кореа, а судијата Ирати го сфати тоа како провокација.
Кореа, заедно со тренерот Симоне Инзаги, во текот на летниот преоден рок премина во Интер, и по победата во дербито додека одеше разочаран до соблекувалната, Фелипе скокна на него, а тој го оттргна.
Фелипе беше во солзи по картонот, тврдејќи дека сакал да се пошегува со својот близок пријател.
Дефанзивецот на Лацио, Патрик призна дека Луиз Фелипе направил погрешна проценка.
„Тројцата сме добри пријатели и мислам дека двајцата згрешија. Луиз Фелипе требаше да знае дека Туку само што загубил меч и нема да е расположен за шеги. Се чувствувам малку виновен бидејќи јас му кажав да оди и да се обиде да го развесели. Вистинска штета и сега двајцата ќе мораат да ги средат своите односи“, вели Шпанецот.
There was never a dull moment in #LazioInter even after the game!
Almost simultaneously, #LuizFelipe gets sent off (for trying to taunt #Correa by jumping on his back) while Correa is being restrained from retaliating against another Lazio player ⬇️ pic.twitter.com/qQDJiPO6wl
— Rete This Way: A Calcio Podcast ???? (@ReteThisWay) October 16, 2021
??? El #LazioInter acabó de aquella manera…
?? Luiz Felipe se subió a la espalda de CORREA para celebrar el resultado, el argentino no se lo tomó bien y todo se fue a las manos
?? El jugador de la @SSLazio acabó siendo expulsado pic.twitter.com/N91X3NvnRo
— Carrusel Deportivo (@carrusel) October 16, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија во моментов е во четвртиот шешир за дополнителните квалификации за СП
Полека станува јасно кои репрезентации од Европа ќе играат на Светското првенство, а кое своето место меѓу 48-те репрезентации ќе го бараат преку дополнителните квалификации.
Во плејофот, во Европа, ќе учествуваат 16, а само четири од нив ќе се пласираат на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Каков е системот за дополнителните европски квалификации?
12 второпласирани репрезентации од квалификациите и уште четири од Лигата на нации одат во европскиот плејоф.
Тие ќе бидат поделени на четири турнири, а победникот од секој ќе се пласира на Светското првенство.
Ждрепката за дополнителните квалификации ќе се одржи во четврток, 20 ноември, а репрезентациите, според рејтингот ќе бидат поделени во четири групи.
Репрезентациите од првиот шешир ќе бидат домаќини на репрезентациите од четвртиот, а репрезентациите од вториот ќе бидат домаќини на репрезентациите од третиот шешир.
Победниците од тие натпревари ќе се сретнат во финалето на квалификацискиот турнир, чиј домаќин ќе биде одреден со ждрепка.
Според моменталната ситуација, вака изгледаат шеширите за ждрепката.
Прв: Италија, Турција, Украина, Полска
Двтор: Велс, Словачка, Шкотска, Чешка
Трет: Република Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово
Четврти: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска.
Важно е да се напомене дека доколку Македонија го освои второто место во групата, односно доколку утре не загуби во Велс, тогаш за дополнителните квалификации противникот ќе го чека од третиот, а не од четвртиот шешир.
Foto/ ffm.mk
Спорт
Мбапе бара од ПСЖ 240, ПСЖ од него 180 милиони евра
ПСЖ побара 180 милиони евра од Килијан Мбапе како компензација за неуспешен трансфер по понудата од саудискиот клуб Ал Хилал од 300 милиони евра, која играчот ја одби во јули 2023 година, изјавија адвокатите на ПСЖ пред судот во Париз.
Барањето на европските шампиони, кои се во спор со својата поранешна ѕвезда од летото 2023 година, е одговор на 240 милиони евра што ги бара Мбапе, особено за рекласификација на неговиот договор на определено време, во договор на неопределено време и наводното психолошко малтретирање што го претрпел по истекот на договорот.
Во судот за труд во Париз, ненавикнати да се занимаваат со толку важни и скапи случаи, адвокатите на ПСЖ, присутни во целост, се обидоа да создадат конфузија барајќи од судот за труд да му ја предаде надлежноста на судот во Париз, кој веќе беше надлежен за случајот, од истата причина.
Барањето беше одбиено, а прелиминарното рочиште пред судот во Париз, кое сè уште е во тек и е закажано за мај, беше одложено.
Спорот долго време го затегнуваше односот на ѕвездата со неговиот поранешен клуб. Напаѓачот беше надвор од првиот тим на почетокот на сезоната 2023/24 од ПСЖ бидејќи сакаше да му истече договорот на крајот од сезоната 2024 година, за да може како слободен играч да го напушти клубот.
Мбапе на крајот беше вратен по првиот ден од сезоната. ПСЖ тврди дека ова враќање е резултат на договор меѓу двете страни за откажување од дел од сумите што се должат на крајот од договорот со цел да се заштити финансиската состојба на клубот.
Капитенот на француската репрезентација, кој на крајот му се придружи на Реал Мадрид во летото 2024 година откако му истече договорот. Поради тоа од ПСЖ бара 55 милиони евра неплатени бонуси и исплати, тврдејќи, напротив, дека немало договор меѓу него и клубот за откажување од тие износи, тврдат изври блиски до фудбалерот.
Адвокатите на Килијан Мбапе пресметаа дека доколку неговиот договор на определено време се прекласификува како договор на неопределено време, заедно со претрпената штета, износот што клубот му го должи на играчот би достигнал 240 милиони евра.
Одлуката на Судот за труд не се очекува за уште неколку недели.
Спорт
Барселона се враќа на „Ноу Камп“
Фудбалскиот клуб Барселона официјално го потврди враќањето на „Камп Ноу“.
Во официјалното соопштение на Каталонците се наведува дека првиот натпревар по враќањето ќе се игра против Атлетик Билбао во 13-то коло од Ла Лига.
Тој натпревар е закажан за 22 ноември (16:15 часот), а билетите веќе се пуштени во продажба.
Капацитетот ќе биде ограничен на 45.401 гледачи, бидејќи клубот сè уште не ги добил сите потребни лиценци. Стадионот треба да собере околу 105.000 гледачи по завршувањето на радежните работи.
Реновирањето на стадионот започна во јули 2023 година.
Барселона се надева дека ова е првиот чекор кон целта следниот натпревар од Лигата на шампионите да го игра дома. Тој ќе игра на 9 декември против Ајнтрахт.
Како што наведуваат, сите услови за тоа се исполнети, и се очекува само потврда.

