Македонија
Даштевски со допис дозволи да гласаат повеќемина, за да се намали метежот
За да се намали метежот кој се создава во ходниците на избирачките места, претседателот на Државната изборна комисија со допис ги известил сите избирачки одбори дека наместо едно лице, како досега, во просторијата на гласање може да пуштаат по онолку лица колку што има кутии. Тој вели дека денес направи увид на неколку гласачки места во Скопје и утврдил дека има сериозен проблем со метежот.
„Ова се наметнува како проблем иако не е проблем, да се пуштат повеќе гласачи колку што има гласачки кутии во избирачкото место за процесот на гласање да оди брзо. Мислам дека веќе е испратен допис од кај нас до сите. Сметам дека вака ќе оди побрзо бидејќи тоа е ковид – мерката, да не се прави метеж. Всушност метежот се прави во ходниците, можеби и некој друг видел дека се создава таков метеж, Тоа е поради ковид – мерките. Се надевам дека со овој наш допис, како тече денот на гласање, ќе се намали овој проблем и гласањето ќе тече регуларно. Ги охрабрувам граѓаните да излезат и го дадат својот глас“, рече претседателот Даштевски.
Тој извести дека веќе гласал и уредот за една секунда му го препознал отпечатокот, а проблеми со уредите на неколкуте места во Скопје кои ги посетил немало.
Проблем бил само големиот метеж, но Даштевски уверува дека сите кои дошле на гласање ќе можат да си го остварат правото на глас, а оние кои ќе се најдат во ходниците во периодот кога гласачките места треба да бодат затворени уверува без проблем ќе може да гласаат и по 19 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

