Македонија
МВР: До 12 часот 39 отсто помалку настани за нарушување на изборниот процес споредено со ланските избори
До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми. До 12.00 часот, денес, има за 39% вкупно намалување на бројот на настани во споредба со изборите во јули 2020 година. Покрај настаните за кои претходно информиравме, регистрирани се и следниве настани:
„ Денеска (17 октомври) во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица во дворот на основното училиште „Лирија“ во гостиварското село Рачане, а во кој објект било сместено избирачкото место број 528. Двете лица се идентификувани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– По добиена пријава дека непознати лица со две патнички возила вршат изборен поткуп во Топанско Поле и Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари на ул.„Х.Ј.Шишков“ извршиле преглед на патничко возило „форд“, управувано од И.Х.(45). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– Во 11.55 часот во СВР Скопје, Д.З. пријавил дека во основно училиште во Добри Дол, општина Сопиште, О.Ц. и С.Н. позади училиштето агитирале и вршеле притисок врз гласачите. Според пријавеното, претходно О.Ц. била отстранета од местото од полицискиот службеник кој го обезбедува гласачкото место. Се работи на расчистување на случајот.
– Во СВР Скопје, Љ.Ј. пријавила дека на избирачко место основното училиште „Гоце Делчев“, Љ.А. стои на гласачкото место и врши притисок врз гласачите. Полициски службеници излегле на местото и Љ.А. е повикан во полициска станица за расчистување на случајот.
-Во ОВР Кочани, член на избирачкиот одбор од гласачко место бр.0883 во с.Теранци, општина Чешиново-Облешево, пријавил дека на гласачко место дошол Г.К. и со лажни документи се претставувал дека е претставник од Државната изборна комисија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-Во 12.05 часот во ОВР Кавадарци, претседател на избирачки одбор на избирачко место 0661 во основното училиште „Киро Спанџов“ во Кавадарци пријавил дека едно лице со телефон ја снимало просторијата каде се врши гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-Околу 11 часот во СВР Куманово, М.П. пријавил дека во близина на избирачки места на ул.„Панче Пешев“, на градскиот плоштад во Куманово и на ул.„Тоде Мендол“ имало отворен штаб на политичка партија со залепени плакати на кандидат за градоначалник, поставен билборд и залепени плакати од политички партии. Се работи на расчистување на случајот.
– Во СВР Скопје, претседател на избирачкиот одбор на гласачкото место 2801 пријавил дека на гласачкото место Д.С. кај себе имал повеќе летоци од различни политички партии. Д.С. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
– Во 10.50 час во Полициското одделение Зајас – СВР Охрид, претседател на избирачки одбор на избирачко место бр.0823 во с.Букојчани пријавил дека лице што гласало го фотографирало гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата
„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Додека, како што вели, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот.
„Исто како Груевски, тој купуваше очила од 60 илјади евра и луксузен мерцедес а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да се луксузира со авион.
Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација- Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски. За еден час, овде, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот.
Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата и да им одговори: Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион“.
Затоа ли се најавува купување на нов владин авион – за уште повеќе приватни патувања со народни пари, прашува Кузеска.
Македонија
Герасимовски: Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар
Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба.
Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство.

„Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче што се наоѓа на уред во форма на алка. Станува збор за технологија која спасува животи и го подобрува квалитетот на живот на повозрасната популација“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Јавниот повик важи од денот на објава до исполнување на капацитетите, при што корисниците ќе се избираат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Документите се доставуваат во Канцеларија на Итно копче, ул. Славе Георгиевски Шнајдер бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Македонија
Перински: Поддршка за локалниот потенцијал – Објавен повик за зголемување на регионалната конкурентност
Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој.
Целта на повикот е доделување средства на проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, јакнење на регионалната конкурентност и поттикнување на локалниот развој преку искористување на сопствените потенцијали.
Како приоритетни за 2026 година се утврдени следните активности и мерки:
– развој на современа и модерна инфраструктура во планските региони;
– препознавање и искористување на конкурентските предности на планските региони;
– подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти и користење обновливи извори на енергија.
Вкупниот износ на средства предвидени за финансирање на проекти изнесува 74.840.000 денари. Овие средства се предвидени во Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.
Право на поднесување предлог-проекти имаат: Центрите за развој на планските региони, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата.
Рок за поднесување апликации е во текот на 2026 година, односно до искористување на расположливите средства.
Повикот со условите и критериумите е достапен на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа на следниот линк.

