Црна хроника
Еден убиен, еден ранет при грабеж на комбе на „Македонија пат„
Едно лице е убиено, а едно повредено при оружен грабеж на комбе на Македонија пат што превезувало пари кај наплатната рампа Петровец на автопатот Велес-Скопје
Од Македонија пат потврдија дека комбето е нивно и оти нивни вработени го превезувале прометот од наплатните станици во банка.Ранетиот возач го возел комбето кон полициската станица во скопската населба Автокоманда и сопрел во близина на експозитурата на Стопанска банка во Трговскиот центар.Според непотврдени информации возачот не застанал при оружениот напад и се претпоставува дека парите од комбето не се ограбени. Комбето има искршени стакла и траги од куршуми.Полицијата врши увид на местото, а повреденото лице е префрлено во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.