Македонија
Регистрирани нови 472 случаја на коронавирус, починаа 8 лица
Денес се регистрирани 472 нови лабораториски позитивни случаја на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 197.669 лица.
Оздравени се 498 пациенти, а пријавени се 8 починати лица во изминатите 24 часа.
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа:
• Направени се 3.431 тестирање, а регистрирани се 472 нови случаја на Ковид-19: Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
• Регистрирани сe 498 оздравени пациенти од: Скопје – 255, Куманово – 58, Велес – 28, Охрид – 19, Струмица – 18, Прилеп – 17, Битола – 15, Кавадарци и Штип – по 14, Струга – 9, Кичево – 7, Крива Паланка – 5, Тетово, Кочани, Гевгелија, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Ресен, Делчево и Пробиштип – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 5 од Скопје (86, 77, 77, 68 и 43), 2 од Кочани (85 и 68) и едно починато лице од Виница (47). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 6 починати лица со датум на смрт од 18.9.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се двe починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Крива Паланка, Куманово и од Кавадарци на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
• Направени се 3.431 теста преку: ИЈЗ – 312, ЦЈЗ Скопје – 51, ЦЈЗ Битола – 86, ЦЈЗ Прилеп – 49,
ЦЈЗ Тетово – 44, ЦЈЗ Куманово – 55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 14, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 54, „Авицена“ – 164, „Биотек“ – 238, „Систина“ – 97, лабораторија „Лаор“ – 150, „Синлаб“ – 19, „Ремедика“ – 20, „Плодност“ – 44, „Генеа“ – 9, „Никоб лаб“ – 344, „ВФВ медикал“ – 46, „Ели медика“ – 42, „Ројал медика“ – 12, „Спектра-ММ“ – 5, „Рапид лаб“ – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.575.
Досега во земјата се направени вкупно 1.347.969 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669. бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изразуи сочувство до родителите.
„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.
Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.
Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.

