Спорт
Дембеле сака во Њукасл!

Ѕвездата на Барселона, Усман Дембеле, е подготвен да направи трасфер во Њукасл, тврди порталот „Гол“, откако нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона.
Францускиот напаѓач, кому договорот со Барселона му завршува во јуни 2022, не сака да го продолжи, а се верува дека ниту во Каталонија не се воодушевени од идејата тој да остане кај нив, и одеднаш преселба на „Сент Џејмс парк“, каде што пристигнаа богатите саудиски инвеститори, станува реална.
Според шпанските медиуми, веќе постои конакт помеѓу премиерлигашот и агентот на Дембеле со понуда за петгодишен договор од 15 милиони евра плата и бонус од 15 милиони евра за потписот. Дембеле пристигна на „Камп ноу“ од Борусија Дортмунд во 2017 како прво засилување по трансферот на Нејмар во ПСЖ за 105 милиони евра. Проблемите со повредите го спречија да направи нешто повеќе во Каталонија, со само 30 гола во 118 настапи од трансферот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кунде го продолжи договорот со Барселона

Францускиот дефанзивец Жил Кунде (26) го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2030 година, објави каталонскиот клуб.
Финансиските детали не се откриени, а во соопштението за медиумите се наведува дека покрај Кунде, на церемонијата за продолжување на договорот присуствувале и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте, спортскиот директор Деко, координаторот Бојан Кркиќ…
Кунде беше еден од најважните играчи во тимот на Ханси Флик минатата сезона, бидејќи имаше 53 настапи во сите натпреварувања, постигна и четири гола со осум асистенции.
Французинот е член на Барселона од 2022 година, а пред тоа играше за Севилја и Бордо. Одигра 142 натпревари за каталонскиот клуб и постигна седум гола.
Одигра 42 натпревари за француската репрезентација.
Foto/ EPA
Спорт
Димитревски пред преселба во Леванте

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија ќе остане во Валенсија но ќе го смени клубот. Столе ќе го облече дресот на Леванте, клуб сезонава се врати во Примера.
Столе Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, требаше да биде прв голман, бидејќи Георги Мамардашвили оствари трансфер во Ливерпул. Сепак клубовите договорија грузискиот голман да остане на позајмица една сезона, поради што Димитриевски бранеше само на неколку натпревари.
Сега кога Мамардашвили замина, Валенсија на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао.
По овој потег што го повелекова „лилјаците“ беше јасно дека Димитриевски ќе замине од „Местаља“.
Договорот меѓу голманот и Леванте треба да биде официјализиран во наредните денови.
Foto/ „X“
Спорт
Интер мора да донесе уште двајца играчи

Вице-првакот на Италија е Европа, Интер има намера да засили две позиции до крајот на преодниот рок. На „Џузепе Меаца“ преба да пристигнат играч од средниот ред и стопер, а клубот за оваа намена има буџет од 80 милиони евра, објавија италијанските медиуми.
Кога станува збор за средниот ред, „нераѕурите“ имаа намера да го доведат францускиот фудбалер Ману Коне (24), но Рома не сакаше да отстапи од износот на отштета. Рома инсистираше на сума од 50 милиони евра, па Интер на крајот се откажа од Коне.
Сега, според италијанските медиуми, тие го насочија вниманието кон играчот од средниот ред на Рен, Џауи Сисе (21), чиј договор со францускиот клуб е важечки до јуни 2029 година.
Што се однесува до позицијата стопер, во потесниот список останаа уште двајца играчи, Умар Солет (25) од Удинезе и Лоик Баде (25) од Севилја. Интер донесе четири играчи ова лето, а полскиот играч од средниот ред Никола Залевски беше продаден на Аталанта.
Најмногу го чинеа играчот од средниот ред на Марсеј, Луис Енрике, и централниот напаѓач на Парма, Анж-Јоан Бони. За овие трансфери клубот издвои по 23 милиони евра, а потоа следува хрватскиот репрезентативец и до неодамна играч на Динамо, Петар Сучиќ. На Динамо му е исплатена отштета од 14 милиони евра.
Фото/ Принтскрин