Спорт
Новиот Леброн заработува 10 милиони годишно, а се направи 136 килограми!

Филаделфија Севентисиксерс го совладаа тимот на Њу Орлеанс Пеликанс со 117-97 во воведното коло од новата сезона во НБА-лигата. Најголемо внимание предизвика Зајон Вилијамсон, кој воопшто не ни настапи на натпреварот.
Тој во НБА беше најавен како наследникот на Леброн Џејмс, но прекумерната тежина што ја има предизвика постојано да има проблеми со повредите.
Наместо во текот на летото на ослаби и да постигне одлична форма пред почетокот на новите предизвици, тој стана најтежок досега – цели 136 килограми, дури 9 повеќе од периодот кога играше во НЦАА-лигата.
Првиот пик на драфтот пред 3 години засега не е познато кога ќе се врати на терените по рехабилитирањето од повредата на стапалото. Неговата годишна заработка е 10 милиони долари.
Многумина забележуваат што тој, наместо да заработува од рекламирање спортска опрема, соработува со фирма за производство на газирани пијалаци.
First game fits ?#UltaDrip pic.twitter.com/eO2n7NGV9d
— New Orleans Pelicans (@PelicansNBA) October 20, 2021
MJ’s competition vs. LeBron’s competition pic.twitter.com/keTadDEjZk
— Miguel Jordán (@PettyAirJordan) October 16, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.
Натпреварот почнува во 18 часот.
Спорт
(Видео) Хамбург слави – ХСВ се врати во Бундеслига

Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион.
Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт.
Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, кому му е потребен бод во последните деветдесет минути фудбал за математички да ја обезбеди таа цел.
Десетина илјади навивачи извршија инвазија на теренот во Хамбург откако судијата свирна крај на мечот со Улм.
Спорт
Александар Сорлот даде три гола за 3 минути и 57 секунди и испиша историја на шпанскиот фудбал

Александар Сорлот, напаѓач на Атлетико Мадрид, испиша историја на шпанскиот фудбал. Сорлот постигна четири гола во првите 30 минути од мечот помеѓу Атлетико и Реал Сосиедад.
Првиот гол го постигна во седмата, вториот во десетата, а третиот во 11. минута, со што веќе ги испиша првите страници на историјата на овој натпревар, бидејќи постигна најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига.
Три гола за 3 минути и 57 секунди. Оние кои мислеа дека тоа ќе му биде доволно на 29-годишниот Норвеѓанец, се излажаа. Сорлот постигна гол и во 30. минута од мечот, правејќи нешто што никој никогаш не го направил, со четири гола во првите половина час фудбал.
Не помина ни година од последниот меч во кој овој играч постигна четири гола – тоа беше на 19. мај против Реал Мадрид минатата сезона, во дресот на Вилјареал.