Црна хроника
Грчки, српски и македонски државјани добија кривични пријави за криумчарење имигранти
Македонската полиција поднесе кривични пријави против четири лица, од кои двајца се грчки а по еден се српски и македонски државјанин, откако се откриени вкупно 24 илегални имигранти од Авганистан и Сирија.
Македонската полиција поднесе кривични пријави против четири лица, од кои двајца се грчки а по еден се српски и македонски државјанин, откако се откриени вкупно 24 илегални имигранти од Авганистан и Сирија.
Министерството за внатрешни работи во четири одвоени случаи кривично пријави двајцата грчки државјани, еден српски државјанин и еден македонски државјанин од село Лојане, кумановско, за постоење сомневање за сторено кривично дело „криумчарење имигранти“, на кои име во меѓувреме изречена мерка 30-дневен притвор. Притоа откриени се 24 илегални имигранти, од кои деветмина од Сирија и 15 од Авганистан.
Во првиот случај 66-годишниот К.К. (66) кој потекнува од грчкиот град Катерини, , на автопатот Куманово – граничен премин Табановце, во правец на селото Лојане бил сопрен од припадници на Мобилната екипа за прекуграничен криминал, а во автомобилот „BMW“ со грчка национална ознака во негова сопственост биле пронајдени тројца илегални имигранти, државјани на Авганистан, без документи за идентификација.
Во вториот случај од страна на полициските службеници од Демир Капија кај тамошните тунели во правец Гевгелија – Скопје, при контрола на „пежо 206“ со српски регистарски ознаки управувано од лицето 34-годишниот М.В. од Ниш, Србија, биле откриени четири лица илегалци од Сирија.
Потоа во третиот случај од страна, припадници, исто така, на полицијата од Демир Капија кај наплатната рампа кај Градско, во правец Гевгелија – Скопје, при контрола на автомобил „голф“со грчки регистарски ознаки управувано од лицето 29-годишниот Г.С. од Солун, во возилото откриеле пет лица илегални имигранти, сите од Сирија.
И во четвртиот случај на влезот во кумановското село Речица, при контрола на возилото „фолксваген шаран“ што го возел 39-годишниот И.А. од Лојане, откриени се 12 лица имигранти од Авганистан./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

