Македонија
Владина делегација се поклони пред споменикот на Гоце Делчев по повод Ден на македонската револуционерна борба
Владина делегација составена од Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“.
Република Северна Македонија денеска го чествува „23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“, во знак на сеќавање на денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација која ја понесе борбата за остварување на вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

