Спорт
Квартараро стана шампион во Мизано, емотивно збогување на фановите со Роси
Фабио Квартараро е новиот Мото ГП шампион, откако неговиот главен ривал за титулата, Франческо Бањаја излета од водство на пет круга до целта, за суров крај на надежите на Италијанецот дека ќе ги израдува домашните фанови во Мизано на ГП на Емилија-Ромања.
Најголемиот дел од навивачите во Мизано беа на трибините во боите на Валентино Роси, популарниот „доктор“ кој се пензионира на крајот на сезоната, а тој одговори со трка во која беше на 10. место освојувајќи поени во генерален пласман.
На врвот, Франческо Бањаја, кој со своето Дукати стартуваше на пол-позицијата четврти пат едноподруго, ја имаше трката в џеб, со голема предност пред Марк Маркез во Хонда, но на пет круга пред крајот тој направи грешка и излета од патеката, крунисувајќи го Квартраро како прв француски шампион, откако тој заврши на четвртото место зад Пол Еспархаро и Енеа Бастијанини
Возачот на Јамаха, 22-годишниот Квартараро со четвртото место стигна до 270 поени, 68 пред Бањаја со максимални 50 поени за освојување во последните две трки од сезоната, во Алжарве, Португалија и во Валенсија, Шпанија. Квартараро оваа сезона победи на пет трки, Бањаја имаше две победи, а со триумфот во Мизано, Марк Маркез стигна до третата победа во 2021.
FRANCE’S HERO ?? @FabioQ20 IS THE 2021 #MotoGP WORLD CHAMPION ? and becomes the first Frenchman to clinch a premier class title! ?
Congratulations, Fabio! ? #ELD1ABLO ? pic.twitter.com/vWvvn6Z74z
— MotoGP™? (@MotoGP) October 24, 2021
GAME OVER!!! ❌@PeccoBagnaia CRASHES OUT OF THE LEAD! ?#MatchPoint | #EmiliaRomagnaGP ? pic.twitter.com/cJn2vVwkec
— MotoGP™? (@MotoGP) October 24, 2021
Bagnaia leads the way at Misano!
He leads Miller as Marquez gets up to third!
Standings leader Quartararo is now up to P1️⃣2️⃣ ?#MotoGP #EmiliaRomagnaGP pic.twitter.com/z3utwj29SK
— Autosport (@autosport) October 24, 2021
Ready to give their home hero the mother of all send-offs! ?@ValeYellow46 prepares for his final home Grand Prix! ?#EmiliaRomagnaGP ? pic.twitter.com/WucoKhKmo5
— MotoGP™? (@MotoGP) October 24, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити и Њукасл се во полуфиналето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити и Њукасл изборија пласман во полуфиналето на Лига куот.
Сити на домашен терен го победи Брентфорд со 3:0. Стрелци за тимот на Пеп Гвардиола беа Рајан Шерки во 32-та минута и Савињо во 67-та.
Францускиот фудбалер, овогодишно засилување од Лион, ја потврди својата класа. Посебно внимание заслужува голот што го постигна: откако ја прими топката веднаш надвор од шеснаесетникот, се ослободи противникот, а потоа испрати „ракета“ во голот на гостите.
Францускиот фудбалер на тој начин го најави пласманот на Сити во полуфиналето на натпреварувањето за прв пат од 2021 година, кога „граѓаните“ го кренаа пехарот.
Потврдата за триумфот и пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Лига купот дојде во 67-та минута кога со малку среќа погоди Савињо.
Њукасл во драматичен меч го победи Фулам со 2:1. Јоан Виса постигна гол за „страчките“ во 10-та минута, но шест минути подцна изедначи Лукиќ.
„Мирисаше“ на пенали во дождливиот Њукасл, но Мајли со глава во втората минута од судиското продолжение му ја донесе победата на домашниот тим.
Покрај Сити и Њукасл, во фазата Топ 4 се пласираше и Челзи, додека наредниот вторник ќе играат Арсенал – Кристал Палас.
Полуфиналето на Лига Купот се игра во два натпревари.
Спорт
(Видео) Атлети и Реал поминаа на „мускули“, Виљареал и Селта испаднаа од Купот на Кралот
Фудбалерите на Атлетико и Реал Мадрид се провлекоа во осминафиналето на Купот на Кралот, додека од ова натпреварување испаднаа Виљареал и Селта.
Атлетико, победи со 3:2 кај членот на Четвртата лига, Атлетико Балеари, а Реал со ист резултат победи кај Талавера. Виљареал загуби во Снатандер, од Расин со 2:1, а Селта доживеа елиминација од Албасете, по изведувањето пенали.
Атлетико Мадрид во првите 20 минути постигна два гола, преку Гризман и Распадори и тука застана. Домаќинот намали во првиот дел, а потоа имаше и неколку добри шанси за 2:2. Кога Гризман постигна гол се чинеше дека е се решено, но екипата од Балерати доби пенал во 80-та минута, Мусо успеа да одбрани, потоа Аргентинецот имеше една брилијантна интервенција. Во 90-та минута, Балеарите добија уште еден пенал, а Kејта ги постави кончните 2:3.
Сличен меч одгра и Реал, Мбапе погоди за 0:1, а потоа Фарандо постигна автогол за 0:2. Аројо намали на 10 минути до крајот, Мбапе постигна гол во 88-та минута. Во следниот напад Талавера не доби пенал, а Ди Ренцо во 91-та минута намали на 2:3. Продолженија спречи голманот Луни со брилијанта интервенција во 93-та минута.
Расинг во целост го надигра Виљареал, тим кој се наоѓа на третото место во Примера. Арана влезе во натпреварот „наоштрен“ и практично му донесе победа на својот тим со два гола во шестата и 28-та минута.
Виљареал го постигна единствениот гол во 86-та минута кога Перез постигна гол.
Селта доживеа ѓок во Албасете во 93-та минута кога домашниот тим изедначи на 2:2. Во прдолженијата немаше голови, а во пенал серијата, Албасете постигна три, а Селта ниту еден гол. Пеналите не ги реализираа Мингеса, Алварез и Јаго Аспас.
Спорт
(Видео) Голманот Сафонов апсолутен херој, ПСЖ го освои Интерконтинеталниот куп
Фудбалерите на ПСЖ го освоија Интерконтинеталниот куп. Во Ал Рајан, европскиот првак го победи шампионот на Јуѓна Америка, Фламенго, по избедувањето пенали. Натпреварот по 120 минути заврши 1:1, а пенал серијата ја добија „светците“ со 2:1.
Рускиот голман Матвеј Сафонов, му го донесе на ПСЖ трофејот. По пенал серијата одбрани четири од петте обиди на играчите на Фламенго.
Откако Де ла Круз погоди во првата серија, Сафонов потоа ги одбрани ударите на Саул Нигез, Педро и Лео Переира, Луис Араухо.
Не блескаа ниту играчите на ПСЖ, Витња и Нуно Мендеш погодија во првата и третата серија, а Роси ги одбрани пеналите на Дембеле и Баркола.
Во регуларниот дел стрелци беа Кварацхелија во 38-та минута за ПСЖ и Њоргињо во 62-та од пенал за Фламенго.
Foto/ depositphotos

