Свет
Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот
Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со дрога. Весникот „Семана“ наведува дека Отониел, за да формира мрежа за илегална трговија, воспоставил врски во Панама, Мексико, Доминиканската Република и со Белгија.
„Семана“ исто така наведува дека досието до кое имала пристап содржи извештај за преговори со емисари на мексиканските картели, калабриската и сицилијанската мафија во Италија и организации за трговија со дрога на Балканот.
Колумбиските вооружени сили го уапсија Отониел за време на операцијата „Озирис“ во рурална област во регионот Ураба. Тој е обвинет за испорака на десетици пратки кокаин во САД, како и за убиства на полицајци, сексуално малтретирање деца и регрутирање малолетници.
Во акцијата за негово апсење учествуваа 500 војници, а беа користени и 22 хеликоптера. Според Би-би-си, Отониел користел мрежа од селски безбедни куќи. Постојано се селел од една во друга и така се криел од властите. Не користел мобилен телефон, туку комуницирал со курир. Полицијата претходно во скривалиштата наоѓала специјални ортопедски душеци наменети за Отонел. Се наведува дека овие специјални душеци ги користел поради болки во грбот, односно дискус хернија.
Весникот „Ел Тијемпо“ објави дека властите пред две недели на крајот успеале да го утврдат точното место каде што бил уапсен наркобосот. Како што се наведува, неговото движење го следеле повеќе од 50 шпиони со помош на сателитски снимки. Во потрагата беа вклучени американски и британски агенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.

