Европа
Близу некогашна нацистичка лабораторија откриени човечки коски

На подрачјето на кампусот на берлинскиот универзитет каде некогаш се наоѓало место на коешто вработените во институтот од периодот на нацизмот спроведувале расни истражувања врз жртвите од концентрационите логори, пронајдени се човечки коски, соопшти во четвртокот портпаролот на универзитетот.
Археолозите ископале „поголемо количество“ човечки остани на местото на коешто денес се наоѓа Институтот за антропологија „Кајзер Вилхелм“ во рамките на берлинскиот универзитет, и ги поврзуваат со истражувањата коишто таму ги спроведувале нацистите.
Меѓу останките се делови од черепи, заби и коски, коишто потекнуваат од возрасни и од деца. Научниците ќе ги анализираат за да се открие полот и возраста на починатите, а резултатите ќе бидат познати кон крајот на годинава.
Во текот на Втората светска војна, споменатиот институт редовно добивал делови од човечки тела од концентрационите логори и над нив биле спроведувани истражувања. Целта на таквите истражувања била да ги докажат нацистичките расни теории кои би го оправдале спроведување на нацистичката политика.
Бројните остани кои во институтот се употребувале за истражувања таму ги испраќал Јозеф Менгеле, монструозниот нацистички лекар кој врз затворениците во концентрациониот логор Аушвиц извршувал смртоносни експерименти.
По капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година, повеќето материјали и документи кои се користени во овој институт се отстранети или се уништени.
Откритието во четвртокот следи две години откако градежни работници на истото место веќе откопаа човечки коски, кои се уништени но претходно не беа извршени истражувања над нив, што поттикна јавна дебата во Германија за тоа кој е одговорен за таквиот потег./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин