Црна хроника
Киднапирал девојка и се обидел да ја силува
Скопјанец со пиштол во рацете киднапирал дваесет и едногодишна девојка и се обидел да ја силува, соопшти МВР
Завчера околу 22:30 часот скопјанецот и се јавил на телефон на девојката која била од кумановското село Черкези и му кажала дека е дома и дека наскоро ќе оди во Куманово да земе нешто за јадење.Скопјанецот со такси пристигнал во селото и влегол во таксито со кое се возела девојката. Се поздравиле и од џебот извадил пиштол кој го вперил во девојката, која се исплашила и побарала да го тргне пиштолот.Скопјанецот и рекол дека нема да и се случи ништо лошо бидејќи бил вљубен во неа. Ја однел во напуштената куќа на неговиот вујко во село Матејче и почнал да ја бакнува и да ја соблекува. Девојката одбивала, но тој го извадил пиштолот од појас и го вперил кон неа.„Потоа, и рекол да се соблече, се доближил до неа и почнал да и ја соблекува горната тренерка, но таа се спротивставувала и сакала да си замине, но Е.О. продолжил и понатаму да и се заканува по нејзиниот живот“ соопштуваат од МВР.Додека бил во бањата девојката успеала да побегне и се сокрила во напуштена куќа во селото. Кога се разденило побарала помош и го пријавила случајот во полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

