Македонија
За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во периодот од 15 до 21 октомври, 97 пациенти починати од Ковид-19 биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле прва и втора доза, соопшти денеска Министерството за здравство.
Според последниот извештај од Здравство, еден пациент бил вакциниран со вакцината на „Фајзер“. Двајца со вакцината на „Астра зенека“, шест починати пациенти од Ковид-19 ја примиле вакцината на „Синовак“, а 16 пациенти ја примиле вакцината од производителот „Синофарм“, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината „спутник В“.
Министерството за здравство информира за возраста и за хроничните заболувања што ги имале пациентите што починале од Ковид-19, a биле вакцинирани.
15 октомври – 71 год. кардиолошко заболување, 80 год. кардиолошко заболување, 75 год. кардиолошко заболување ДМ.
16 октомври – 69 год. кардиолошко заболување и дијабет, 72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида, 74 год. кардиолошко заболување и дијабет, 68 год. каридолошко заболување и обеситас.
17 октомври – 87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување, 86 год. кардиолошко заболување и дијабет, 65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас, 75 год. кардиолошко заболување80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување, 63 год. кардиолошко заболување, 69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување, 71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет, 69 год. кардиолошко заболување и обеситас.
18 октомври – 68 год. кардиолошко заболување, 72 год. белодробно заболување, 80год. кардиолошко и белодробно заболување.
19 октомври – 74 год. крдиолошко заболување и обеситас, 83 год. HTA ABI, 81 год. HTA.
20 октомври – 79 год. HBI, 79 год. ХОББ и кардиолошко заболување, 67 год. кардиолошко заболување.
21 октомври – 93 год. кардиолошко заболување, 89 год. HTA белодробно заболување.
Министерството за здравство во објавената неделна информација за починати лица од Ковид-19 известува за оние што биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од нив со каков тип вакцина биле вакцинирани. Притоа, напоменуваат од таму, за комплетно вакцинирани се сметаат лицата што примиле две дози вакцина, а од втората доза поминале повеќе од 14 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.