Македонија
(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби
Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка екипа на бате Вице да работи на терен за Шилегов овде во Скопје. Ќе го освојувале Скопје, но овој пат со струмички сили. Да се разбереме, немам ништо против овој преубав град од југоистокот на Македонија, напротив преубави чесни и честити луѓе живеат таму, но имам против тоа кога криминалци од кланот на власт го валкаат изборниот процес и мислат дека се главни во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Лисиче.
Мицкоски додаде дека кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби.
„Тоа е страв зошто знае дека многу бргу ќе се постави прашањето како до толкав имот за толку краток период. Којзнае колку му е тешко кога мора пред камерите насилно да глуми скромен човек, а во реалноста видовме што мисли за народот, сетете се кога му велеше на господинот никогаш да не ме гласате, а тој само си го бараше своето право и да му се исполни ветувањето коешто истиот Шилегов му го дал“, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека на само два дена пред изборите од првиот круг, Шилегов склучил договор со три кафеани за да има службени гоштевања и ручеци. Тој за ова кажа дека било за да обезбеди континуитет во работењето на градот, и кога ќе размисли човек подобро, навистина овој пат не излажа. Тоа е неговиот континуитет во работата во кафеани.
„Затоа на Скопје му требаат длабоки промени и создавање нова иднина. Данела Арсовска е вистинскиот избор за градоначалник на Скопје. Заокружете го бројот 82 за модерно Скопје, за Скопје со многу проекти за секого. За човек кој ќе биде менаџер на градот“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

