Македонија
Арсовска од Сарај: Скопје повторно ќе биде град на соживот

Скопје повторно ќе биде град на соживот, соработка и солидарност. Ќе биде град во кој ќе нема заборавени населби и населени места. Скопје ќе има ред во сообраќајот. Достапен и ефикасен јавен превоз. За сите населени места во општина Сарај ќе донесеме посебна програма со ургентни приоритети со кои ќе се решат клучните проблеми во делот на инфраструктурата. Конечно ќе се изгради нов кружен тек на влезот на Сарај и ќе се поврзе Матка со автопатот и обиколницата. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз, игралиште за деца мора да има во секое населено место во Скопје и околината, им изјави независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, на вечерашната средба со жителите на населените места Кондово, Бојане и Буковиќ од општина Сарај.
Жителите на овие населени места се осврнаа и на многу ветувања кои им беа ветени во текот на изминатите години од актуелната градска власт, а не беа исполнети, како што се кружниот тек на влезот во Сарај, спортско рекреативниот центар „Сарај“ и езерото Треска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)