Црна хроника
Една година затвор за поранешниот директор на „Рудкоп“

Една година затвор и да врати 20 милиони денари за поранешниот директор на компанијата „Рудкоп“ од Кавадарци, Димитар Пончев
Вака вчера одлучи судијката Габриела Гајдова од Велешкиот суд. Пончев казната ја доби поради тоа што незаконски ги продал машините и возилата во сопственост на Рудкоп на фирмата на неговиот син и тоа за само еден денар.Поранешните 250 работници од кавадаречката фирма, која со години успешно работеше за потребите на Фени, велат дека се задоволни од донесената пресуда.„Со оваа пресуда веруваме дека ќе започне да се одмотува клопчето околу сите малверзации што во изминативе години се случуваа околу фирмата Рудкоп. Крајно време беше вистината да излезе на виделина“, велат некогашните работници.Тие најавија дека деновиве ќе поднесат кривична пријава и против стечајниот управник Богољуб Макревски поради тоа што тој за цело време наместо да ги брани правата и интересите на компанијата тој се ставил на страната на поранешниот директор Димитар Пончев и на неговиот син.Адвокатот на обвинетиот Пончев, Оливер Гашев вели дека не се задоволни со донесената пресуда и дека истата ќе ја обжалат до Апелациониот суд во Скопје.Тој додаде дека не му е јасно како може обвинетиот Пончев да биде виновен кога тој со продажбата на машините и возилата остварил приход за компанијата.Токму на ова, вели Гашев ќе ја темелат и жалбата за донесената одлука на Велешкиот суд.Инаку, компанијата Рудкоп од Кавадарци е единствената ваква фирма не само во Македонија туку и пошироко.По одењето во стечај, работниците, кои некогаш беа едни од најуспешните, не само што останаа без работа, туку останаа и без егзистенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.